motori katz-mfmОд 7-ми до 14-ти Септември на териториите на Албанија, Македонија, Бугарија и Грција ќе се оддржи четвртото Балканско Маратон Рели. На денешната прес конференција претставниците од МК Александар и МФМ ги открија деталите за меѓународното рели во кое ќе има и наши учесници.

katz-mfm

Од 7-ми до 14-ти Септември на териториите на Албанија, Македонија, Бугарија и Грција ќе се оддржи четвртото Балканско Маратон Рели. На денешната прес конференција претставниците од МК Александар и МФМ ги открија деталите за меѓународното рели во кое ќе има и наши учесници.

Релито се вози во должина од 2500км од кои дури 500км се предвидени за т.н. „брзинци“, етапи во кои се мери брзината на возење низ тежок терен. На релито најавени се повеќе од 50 учесници од кои според досегашните пријави најмногу има во категоријата мотоцикли - 24, со четвороцикли ќе настапат 12 учесници, а со теренски возила ќе проследиме 16. Она што е интересно е дека за прв пат на патеката ќе има и 1 камион, со цел да се мотивираат учесниците следното 5-то јубилејно рели да наликува на познатото Рели Дакар. Дека има услови за тоа говори и фактот дека годинава како директор на релито е именуван г-дин Ларди Рида (ФИМ), според кој доколку се мине во најдобар ред следната година Балканското Рели ќе биде вброено во картата на Светскиот Рели шампионат!

Рутата на самото рели е навистина предизвикувачка, а благодарени на ангажманот на МК Александар, голем дел од релито се минува низ територијата на Македонија. Релито започнува на 7-ми Септември во Албанија, а веќе следниот ден натпреварувачите влегуваат на наша територија. Низ Македонија ќе поминат 530км, меѓу кои ќе има и вкупно пет брзински испити, од кои четири се првиот ден.

Првиот брзинец се вози од Ќафасан, вториот е Лазарополе-Маврово-Леуново, третиот е Катланово-Градско, а четвртиот брзинец во првиот ден е најинтересн бидејќи се вози на релација Криволак-Штип и благодарение на конфигурацијата на теренот се очекуваат брзини поголеми од 100км/ч! Во Скопје е предвидена првата пауза на 8-ми Септември околу 14.00 часот на игралиштето кај мостот „Обединети Нации“ во Влае, каде натпреварувачите ќе можат да одморат, да наточат бензин, да извршат ситни поправки.. Ноќевањето е во Штип, а следниот ден се вози последниот брзинец во Македонија на релација Штип-Делчево.

Рутата на релито потоа продолжува низ Бугарија од каде учесниците веќе на 11-ти септември влегуваат во Грција. Тој ден е првиот ден за одмор, а до 14-ти се вози низ Грција каде во Игуменица и завршува релито.

Македонската чест ќе ја бранат 5 натпреварувачи во класата мотоцикли: Сашко Ванов, Александар Коцев, Славчо Коцев, Александар Петровски и Методија Саздов, а во класата АТВ ќе настапи Тони Димитровски, увозникот на Хамачи за Македонија. Она што е интересно е дека има македонци и во организациониот одбор, па така г-дин Велибор Каевски е назначен за заменик директор на релито, а благодарение на одличните резултати на хроно екипата, мерењето на времето на целото рели ќе биде во рацете на нашите претставници предводени од г-дин Владимир Карчицки.

Back To Top