Занимливости

Вашиот следен Ford автомобил би можел да има вграден мотоцикл во него

Веќе одреден период, производителите на автомобили се фокусирани на овој концепт наречен „last mile“.

Следете нè на:

 

Целата идеја со концептот е дека последните неколку километри од патот кој го поминувате би можело да ги извозите на нешто поинаку од автомобил.

Во големите градови како што се Лондон и Париз, морате да платите одредена сума доколку сакате да поминете низ центарот на градот. Поради ова, голем број на возачи се одлучуваат да ги избегнуваат централните делови. Исто така, голем број на возачи и се префрлаат на превозни средства на две тркала. Тука до израз доаѓа и нашата приказна бидејќи Ford бара начин за решавање на овој проблем, а тоа е патентирање на концепт на автомобил кој ќе има вграден мотоцикл во себе.

Ford motorcycle patent 02

На скицата од патентот кој што беше поднесен во САД, може да се види некаков вид на електричен мотоцикл кој што е прикачен во внатрешнит дел на автомобилот.

Но и покрај патентот, целосните планови на Ford сѐ уште се непознати, а мора да се напомене и дека ваков концепт веќе се има појавено во минатото. Исто така, мораме да кажеме и дека патентот не покажува никакви знаци дека наскоро ќе се најде во производство.

Компанијата неодамна беше главна вест во медиумите откако беше соопштено дека ќе прекине со производство на моделите Fiesta, C-MAX, Focus, Fusion и Taurus. Дел од компанијата во иднина ќе останат само моделите Mustang и новиот Focus Active. Чудни времиња.

Се сомневаме дека нешто ќе излезе од идеите на Ford но ваквите патенти барем ни покажуваат дека одговорните во компанијата чие што седиште се наоѓа во Мичиген (САД) работат на некои нови, иновативни идеи.

Пазарот со автомобили забрзано се менува. Иако идеите на Ford во моментов изгледаат навистина чудни сепак во иднина вакви креативни работи би можеле да станат секојдневие.

Би можело да ве интересира

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.