Во „Nardo“ техничкиот центар, ANGEL ST пневматиците не постигнаа само еден туку седум светски рекорди во еден ден! Еве ја нивната приказна.
Желбата да бидеш најдобар, да бидеш уникатен е она што ги мотивира луѓето да постигнуваат и да рушат рекорди. Ова многу добро го знаат и неколкуте новинари и вработени во „Pirelli“ кои присуствуваа на настанот на кој беа постигнати седум рекорди. И сето тоа во еден ден.
Дали постои пневматик со кој се постигнуваат светски рекорди? Да, неговото име е ANGEL ST. Тоа е спорт-туринг пневматик кој е сопственик на седум светски рекорди.
Беше 15ти март 2009 година во техничкиот центар „Nardo“, во Лече. Датумот и името засекогаш ќе бидат присутни во сеќавањата на сите кои присуствуваа на овој историски настан. Што беше нивната цел? Да се приклучат на онаа уникатна бројка на луѓе кои можат слободно да кажат дека срушиле светски рекорд. На овој настан присуствуваа 15 новинари од целиот свет и дванаесет тест возачи на Pirelli. Но не беше постигнат само еден светски рекорд. Кога се беше завршено, овие херои на две тркала успеаа да постигнат седум светски рекорди!
За да се сруши еден рекорд, потребно е внимание, тренинг, издржливост, а во овој случај и вистинската локација. Тест центарот „Nardo“ има кружна патека со три ленти која е долга 12,5 километри. На неа е возможно да се вози при максимална брзина и без притоа да се загрози безбедноста.
Можноста за рекорд се појави заедно со лансирањето на ANGEL ST спорт-туринг пневматиците. „Pirelli“ сакаше да им покаже на новинарите дека овие пневматици ќе го исполнат ветувањето и ќе обезбедат голема издржливост и перформанси.
Еден мотоцикл, две гуми и една патека која треба да се освои
Користејќи само еден сет на ANGEL ST пневматици на Suzuki Hayabusa GSX R 1300 2009, возачите вкупно поминаа 5,135 километри и притоа возеа со просечна брзина од 213 километри на час, со цел да ги докажат постојаните перформанси на пневматикот. Во исто време тие поставија и рекорд за издржливост во FIM A11 категоријата (во класата од 1000 до 1350цц). Членовите на тимот на „Pirelli“ ги извозеа првите неколку кругови пред да се заменат со новинарите во текот на ноќта. Со тоа, тие додадоа уште еден рекорд на оној кој веќе го постигнаа во 2000 година во А1 категоријата и на кој настапуваа со Suzuki Hayabusa 2000.
Ова беше првиот од седумте рекорди, но секако кога еднаш ќе го осетиш тоа чувство, секогаш ќе сакаш уште повеќе. Со вториот мотоцикл, Kawasaki GTR 1400 2009, новинарите и техничката екипа на „Pirelli“ - меѓу кои беа и Пиеро Мисани, одговорен за истражување и развој и Салво Пениси, одговорен за тестирање - поставија нови рекорди во оваа категорија. Меѓу нив е и светскиот рекорд во 12 часовната А12 класа (за мотоцикли кои имаат од 1350 до 2000цц). Тие поминаа должина од 2502 километри и возеа со просечна брзина од 208 километри на час.
Секако, рекордот е важен бидејќи тешко се постигнува. И тука беше иста ситуацијата. Особено во текот на ноќта, ветрот посебно им пречеше на возачите. Но тоа не беше единствениот проблем кој се појави. Во моментот кога Kawasaki GTR 1400 возен од Микеле Коралини- техничар во тимот на Pirelli- се случи проблем кој никој не го очекуваше. Настана механички дефект.
Доколку запрат тогаш не би успеале во обидот да постават рекорд. Најстариот член на Pirelli, даде се од себе и успеа да го истурка мотоциклот низ останатите шест километри и да стигне до целната линија. Во текот на ова, Коралини беше придружуван од официјални лица кои го следеа за да се осигураат дека никој не му помага и дека мотоциклот се движи во вистинската лента. И покрај тежината на мотоциклот и фактот дека тој беше полн со гориво, Коралини успеа да го истурка мотоциклот до крајната линија. Таму доби голем алпауз од сите присутни и беше прогласен за херој на денот и олицетворение на овој рекорд.
На крајот на денот, покрај рекордот за целодневна издржливост постигнат на 2009 Suzuki Hayabusa GSX R 1300 и рекордот за 12 часовна издржливост постигнат на 2009 Kawasaki GTR 1400, беа постигнати уште неколку рекорди. Сите беа во А12 класата и со Kawasaki GTR 1400.
Еве ги рекордите:
10 km > 2:29.987 - 240.021 km/h
1 h > 222.752 km - 222.752 km/h
100 km > 26:08.277 - 229.551 km/h
6 h > 1320.244 km - 220.041 km/h
1000 km > 4:30:20.514 - 221.123 km/h
FIM кој ги потврдува далечината и должината на рекордите, ги стави 2009 Suzuki Hayabusa и Kawasaki GTR 1400 во А11 и А12 класите. Секој од петнаесетте интернационални новинари и дванаесетте членови на техничкиот тим на „Pirelli“, возеа еден од мотоциклите по половина час во текот на 24 часа.