Во ред, не објавуваме многу компјутерски игри на нашата страна. Впрочем, кога возите мотоцикл во вистинскиот живот, ваквите игри и неможат да ви донесат големо возбудување.

56518

Играта која сите ја паметиме, игра која беше замена за возењето мотор во деновите кога времето беше лошо, не заради реалноста, туку заради чудната зависност која ја создаваше повторно ќе имаме прилика да ја играме.

Во ред, не објавуваме многу компјутерски игри на нашата страна. Впрочем, кога возите мотоцикл во вистинскиот живот, ваквите игри и неможат да ви донесат големо возбудување.  

Но од чисто носталгични причини, ова вреди да се спомне. Доколку имате околу триесет години, има добра шанса конзолите или компјутерските игри да одиграле важна улога во вашиот живот. Пред две децении, доколку сакавте да ги комбинирате конзолите со возењето мотоцикл, стандардна опција беше „Road Rush“.

Ужасно нереална но некако успеа да предизвика зависност. А сега, благодарение на интернет страната „Kikstarter“, таа би можела да се врати. Поточно, а и за да се избегне судска постапка од сопствениците на оригиналната франшиза, новата игра е направена во чест на „Road Rush“ и се вика „Road Redemption“.

Креаторите на играта се обидуваат да соберат 160.000$ за да ја претворат во целосна игра за сите конзоли, имајќи во предвид дека за само неколку дена тие веќе собраа 47.000$, најверојатно повторно ќе се дружиме со „Road Rush“.

Back To Top