Занимливости

Кој беше првиот возач кој го спушти коленото на асфалтот

Ги прашав моите пријатели, дали знаете кој е првиот возач кој постојано со коленото го допираше асфалтот?

Следете нè на:

 

Ме погледнаа збунето. Еден од нив ми кажа дека постојано поставувам прашања на кои веќе го знам одговорот и дека научил како да ги одбегнува. Но јас бев сериозен.

„Мислам дека тоа ќе им биде интересно на многумина. Колку луѓе навистина го знаат одговорот на тоа прашање? Зар не мислите дека тоа би било интересна приказна?“

Кратко само ми одговорија дека не знаат. Токму тоа и го чекав.

Зошто некој возач би сакал да го спушти коленото на асфалтот?

Да направиме кратка пауза. Доколку долго време возите мотоцикл сигурно знаете дека тоа не покажува колку добар возач сте туку повеќе се однесува на тоа да ја покажете вашата храброст пред луѓето кои ве гледаат. Ако тоа можат да го прават тркачите зошто тогаш да не можете и вие.

Зошто некој тркач би сакал да го спушти коленото на асфалтот?

Веќе на интернет сигурно имате прочитано дека ако го спуштите коленото ќе имате подобар агол при влегување во свиоците, поголема самодоверба и ред други работи. Но причината поради која тркачите го прават тоа нема никаква врска со горе наведените работи. Помалиот агол им помага на возачите да бидат побрзи но има лимит до колку можете да го навалите мотоциклот. За да биде побрз, возачот го навалува мотоциклот најмногу што може а потоа ја префрла и неговата тежина. Тоа му овозможува на мотоциклот да биде побрз во одреден агол.

Како одредуваме кој бил првиот возач?

Пред да продолжам да одговарам на моето прашање, на другарите уште еднаш им ги повторувам моите квалификации кои ми овозможуваат да зборувам на оваа тема. Отсекогаш си мислев дека ќе биде тешко да се одреди првиот возач. Многумина го имаат направено тоа. Некој успешно а некој не. А не можам да ги гледам сите фотографии низ историјата за да утврдам кој бил првиот. Но сигурен сум дека тоа порано не го правеле многу возачи. Интернетот не постоеше а зошто би го правел тоа ако не ме прави да бидам побрз.

Во минатото исто така возачите немаа штитници како денеска и секој возач кој би се осмелил на такво нешто би имал повреди на колената. Затоа си реков да ги побарам возачите чија што тркачка облека е модифицирана за да ги заштити од вакви повреди. Изгледав голем број на фотографии а еден возач постојано се појавуваше на нив.

Дел од другарите ме погледнаа со зачудување но дел беа заинтересирани за ова што го зборувам. Тогаш знаев дека го имам нивното внимание.

Kenny Roberts Sr txt 1 27 05

Лекцијата која им ја раскажав на моите пријатели

„Првиот кој го има направено тоа беше кралот Кени“, им кажав на моите пријатели. „Можете да погледнете фотографии на кои неговата тркачка облека е залепена со селотејп. После тоа тимот направи модификации на неговата опрема. Наскоро и другите возачи почнаа да го прават истиот потег но Кени беше првиот.(Ова го кажав со голема гордост бидејќи навистина ми се допаѓа Кени Робертс)“

Многумина сигурно ќе ме сопрат тука. Би ми кажале нешто како : „Другар, и самиот Кени Робертс има кажано дека тој не е првиот возач кој има направено тоа!“

Секако би биле во право. Кени има изјавено дека го копирал неговиот стил од Финецот Јарно Сааринен. Самиот Кени изјави: „Во 1972 година почнав почесто да одам на тркачката патека во Онтарио. Таа имаше еден дел кој правеше да се чувствувам многу непријатно. Гледав што правеше Јарно. Тој го навалуваше мотоциклот а неговото колено беше надвор од позицијата на која треба да биде. Почнав и јас да го правам истото и патеката веќе не ми беше страшна.“

Kenny Roberts Sr txt 2 27 05

„До крајот на 1973 година веќе редовно тоа го правев. Луѓето ми велеа дека сум луд и дека ќе загинам.“

Им го објаснив ова на моите другари а исто така им потенцирав и дека иако Јарно беше одличен возач, тој не го правел тоа на истиот начин, барем според фотографиите на кои може да се види дека неговата облека воопшто не е оштетена.

Но дали беше Кени?

Пред да почнам да го пишувам овој текст, гледајќи на интернет си помислив дека само ќе ги потврдам информациите кои што веќе ги знаев.  Но ми се појави една слика од возач кој го мести коленото на истиот начин.

Тоа беше Џон Суртес, единствениот возач кој успеал да дојде до титула во MotoGP и Формула 1. Но ова се случува дури 16 години пред истото да почне да го прави и Кени. А на сликите јасно може да се види дека има некакви штитници.

John Surtees Getting His Knee Down David Goldman

Разговарав со еден пријател кој е добро запознаен со тркачката историја. Разговарав и со неколку други лица кои веќе пишувале на оваа тема и си мислев дека имаат добро познавање од темата. Навистина бев возбуден од она што би можел да го откријам. Но еден од нив брзо ме врати во реалноста. „Позицијата на возење многу се разликува од онаа на Суртес. “ Нешто ме заинтригира кога подетално ја погледнав фотографијата. Суртес не ја користи оваа техника за да биде побрз. Фотографиите од него покажуваат комплетно класичен стил.

Неговиот мотоцикл беше опремен со штитници, држач и светло. Тоа не личеше на тркачки мотоцикл. А не успеав ниту да најдам некои други вакви слични мотоцикли. Ако ова го правел подолго време, сигурно ќе имаше некаков доказ.

Барав подетално на интернет и најдов еден интересен текст. Во него беше наведено дека целата приказна на сликата била намерно направена. Ова ми објасни многу работи.

Да, Кени е првиот

Мислам дека сега слободно можам да кажам дека Кени беше првиот возач којго воведе овој стил. Во текот на годините тој беше модификуван и подобруван,но Кени беше првиот. Веќе од осумдесетите години, тој стана составен дел од секоја трка.

Се додека некој не ми покаже друг доказ, мислам дека слободно можам да кажам дека Кени беше првиот, иако искористил нешто што веќе го применил некој друг возач.

„Добрите артисти копираат. Одличните артисти крадат.“ – Пабло Пикасо

Извор: revzilla.com

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

За само 18 месеци имаме нова поправка на патеката во Силверстоун.

Понекогаш треба да побараш нешто од универзумот за тој да ти ја исполни желбата.

Kawasaki објавија детали од нивната оф роуд линија на мотоцикли за сезоната 2020.

Ако мислевте дека новиот авантуристички мотоцикл на КТМ е убав тогаш што мислите за новата 790 Adventure R Rally верзија?

Маверик Вињалес смета дека Хорхе Лоренцо следната трка треба да ја почне од последниот ред. „Изгледаше како почетничка грешка а тој е неколкукратен шампион.“

Андреа Довициозо го прифати извинувањето на Хорхе Лоренцо но сепак е разочаран од резултатот на неделната трка. Смета дека Лоренцо треба да добие казна.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.