Приказна за добрината на луѓето и тркачките денови

motordzija-umira

Приказна за добрината на луѓето и тркачките денови

На англичанецот Карл Робинсон му бил дијагностициран рак во Декември 2012 година за кој нема начин да се излечи. Знаејќи дека му остануваат уште 6 месеци живот, негова последна желба била да помине уште еден викенд на тркачката патека со неговиот најдобар пријател Дерил. Откако резервирале викенд во Картагена, Шпанија, се наговестувало дека желбата на Карл ќе биде остварена - се додека не виделе дека моторот на Дерил е украден. Иако успеале да го пронајдат моторот,  тој сепак не бил во состојба да се вози на тркачка патека.  Без можност да изнајмат мотор во толку кус рок, нивниот проект е доведен во опасност.

Тогаш на сцена стапија Џејми, Џастин и Стјуарт од мото сервисот „Fast Lane Motorcycles“, кои откако сфатија дека моторот на Дерил нема да биде готов на време, бесплатно им го понудија нивниот шампионски мотор Yamaha R1 за Карл да може да ја оствари својата последна желба.

Сакам да истакнам дека овие момци не ме познаваат мене, ниту Дерил. Сепак тие ни го позајмија нивниот спремен, тркачки, шампионски мотор – нивната радост и гордост, нивната Yamaha R1. Тие целосно го сервисираа моторот и обезбедија нови гуми и други резервни делови-во случај нешто да се изгуби или оштети додека сме во Шпанија. Во тој случај ние ќе можеме сами да ги извршиме поправките и да продолжиме понатаму. Сеуште неможам да поверувам дека ова се случи.изјави Карл пред поаѓањето

Минатиот викенд Карл и Дерил успешно ја завршија нивната последна заедничка посета на тркачката патека. Секоја чест за силата на Карл, но и за совеста на момците од Фест Лејн, приказна која за жал на крајот ќе заврши трагично.

Back To Top