Денешниот „специјален мотоцикл“ е повторно Café Racer базиран на модел на Ducati. Но за разлика од повеќето слични мотоцикли кои веќе ги имаме видено, овој мотоцикл не доаѓа од познатите Deus, Wrenchmonkee или некои други слични на нив.

big ducati-sport-1000-moto-brilliance-cafe-racer-10

Денешниот „специјален мотоцикл“ е повторно Café Racer базиран на модел на Ducati. Но за разлика од повеќето слични мотоцикли кои веќе ги имаме видено, овој мотоцикл не доаѓа од познатите Deus, Wrenchmonkee или некои други слични на нив.

Оваа одлична машина е всушност замисла на Џеф Роси од Ducati Sportclassic форумот. Тој, исто така, им даде можност на многуте членови на овој специјализиран форум да го следат создавањето на моторот чекор по чекор,од првите скици на хартија до неговото тестирање на пат.

Иако неговата Ducati Sportclassic 1000 основа е лесно препознатлива-и покрај различниот резервоар и седишта-овој мотоцикл не беше едноставно направен. Тој беше изграден речиси од нула. Почетната точка беше Ducati 1000 DS моторот кој беше земен од Paul Smart Sport 1000 Limited Edition. Господинот Роси се ослободи од сите електронски делови и се потпре на старите добри карбуратори. 

Целиот преден дел е од Suzuki GSX-R (целосно прилагоден и со радијални сопирачки), додека држачите и задната суспензија се превземени од Ducati Super Sport 1000 DS. Рамката првично беше онаа од Ducati 999, но Роси ја промени да изгледа на нешто помеѓу Pierobon и елегантните 900цц од седумдесетите години. Бандажите се Black Stone Tek, а задната подрамка е од алуминиум. Рачно изработениот издувен вентил и предната маска со класичен изглед беа специјално направени за овој моторцикл. Роси одлучи да го нарекува „Moto Brilliance“ и планира да го продава како кит кој ќе можете самите да го составите.

Извор: „Ducati Sportclassic

Back To Top