Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Размислувајќи за тоа како возилата, пред се мотоциклите, ќе се движат во иднина, досега видовме неколку обиди да се редизајнираат гумите. Goodyear има интересен концепт со сферичниот дизајн.

И  Bridgestone има напредок во овој оддел. Од компанијата велат дека работат на пневматик кој нема да има воздух во себе и кој ќе користи само поддржувачка структура на гумата.

Bridgestone AirFree tire concept non pneumatic tire 02

За прв пат со ова дебитираа во 2013 година на мото шоуто кое се оддржа во Токио. Од Јапонската компанија велат дека оваа технологија ќе се најде кај превозните средства на две тркала најдоцна до 2019 година. Но не се возбудувајте премногу. Од Bridgestone велат дека целат на велосипедите, а не на мотоциклите.

Иако постојат многу причини зошто ова има повеќе смисла кај велосипедите, сигурно и развојот на овој концепт за мотоциклите нема да биде многу далечен. После се, првите мотоцикли всушност беа велосипеди на кои им беше вграден мотор.

Ваквите гуми бараат помало оддржување и не може да се дупнат или да напукнат. Ќе биде интересно да се види како оваа технологија ќе се покаже во светот на велосипедите и дали Bridgestone ќе продолжи да го развива овој концепт и за автомобилите и за мотоциклите.

Back To Top