Светскиот Супербајк Шампионат за 2013 година можеби е во тек по извозената прва рунда од сезоната на Philip Island, но невообичаено, тоа е направено без календарот официјално да биде објавен.

556480 10151030063785330 930268216 n

Светскиот Супербајк Шампионат за 2013 година можеби е во тек по извозената прва рунда од сезоната на Philip Island, но невообичаено, тоа е направено без календарот официјално да биде објавен.

Неколку непознати работи околу распоредот за 2013 година се видливи веќе неколку месеци. Привремениот календар покажува дека има отворено место за трка на 23 јуни, а трката во Индија веќе е преместена од Март во Ноември.

Сепак, гласините кои се појавија за време на првата трка, поттикнаа сомневање околу тоа дали ќе се одржи трката во Силверстоун. Се верува дека Британците не се подготвени да и платат на Dorna поголема такса, бидејќи се единствената патека на календарот на која се одржуваат и Formula 1 и MotoGP трки.

Слично на тоа, Портимао – која на календарот е наведена под услов да се постигне договор и има финансиски проблеми веќе некое време – е исто така под закана од истата причина.

Офцијално соопштение се очекува да биде објавено во наредните неколку дена, а според Speedweek.de, рундата ќе биде откажана- намалувајќи го календарот на 14 трки, а трката во Силверстоун ќе биде заменета со трката во Турција и ќе биде преместена во Септември.

Патеката во Турција е во мирување откако го изгуби своето место на Formula 1 календарот во 2012 година, но се верува дека преговара за враќање во 2013 година на местото на Големата Награда на Америка откако се најде под нова сопственост. Покрај тоа, новите сопственици сакаат да ги го привлечат и WSBK за да профитираат на својот три кратен Светски Суперспорт шампион Кенан Софуоглу.

Истамбул Парк беше домаќин на MotoGP три пати, 2005, 2006 и 2007 година и доби одлични критики.

Покрај тоа, Ред Бул Ринг (поранешен А1 Ринг) се споменува како потенцијален додаток на календарот за 2013 година, иако Австриската патека би можела да почека до 2014 година пред да се приклучи на календарот.

Не смее да се заборави и тоа дека многу лојални WSBK фанови веќе имаат резервирани летови и хотели користејќи ги датумите и местата според сегашната верзија на календарот.

Според сегашниот план, следната трка од шампионатот ќе се вози во Шпанија на Motorland Aragon на 14ти Април.

Back To Top