Ники Хејден вели дека сака да има добра трка на патеката во Асен и да се обиде да заборави на проблемите со кои се соочи на трката во Арагон.

По освоеното шесто место на првата трка во Арагон, Американскиот возач мораше да се повлече од втората трка поради механички проблеми. После трката тој се најде на осмото место во генералниот пласман.

Хајден со нетрпение ја очекува трката во Холандија на која веќе има остварено победа во 2006 година.

„Возбуден сум бидејќи ќе се натпреварувам во Асен. Ова е домашна трка за мојот тим и ќе имаме голема поддршка од трибините. Ова е одлична патека и една од најважните во историјата на мотоспортот,“ изјави Хејден.

PA1854968.0008

И покрај на прв поглед слабите перформанси на Honda CBR1000RR Fireblade, Јапонската компанија има остварено девет победи на патеката во Асен од 2004 година. Неговиот тимски колега, Михаел ван дер Марк ја оствари својата прва победа минатата сезона на оваа патека.

„Има неколку брзи свиоци, а последниот дел од патеката е особено важен за конечниот резултат на трката. Со нетрпение чекам да почне трката и да видам со какво време ќе не пречека Асен. Се надевам дека ќе имаме одличен викенд и ќе заборавиме на проблемите со кои се соочивме во Арагон.“ 

Back To Top