WSBK

WSBK: Ернесто Маринели ќе го напушти Ducati

Шефот на Ducati Corse Superbike, Ернесто Маринели, ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната 2017, потврдија денеска од фабриката во Болоња.

Следете нè на:

 

Маринели му се приклучи на Ducati во 1995 година како инженер за патеките и соработуваше со Карл Фогерти и Нил Хадсон, пред да премине во AMA Супербајк програмата на Ducati во периодот од 1998 до 2000 година каде што соработуваше со Ентони Гоберт, Бен Бостром, Трој Бејлис и Џон Коцински.

ErnestoMarinelli

Откако се врати во Европа во 2001 година, тој работеше како инженер во Bostrom во Светскиот Супербајк шампионат пред да биде промовиран најпрво во технички директор во 2003, а потоа и во Проект Менаџер во 2010 година.

Во неговата кариера која трае веќе 20 години, Маринели допринесе во освојувањето на 5 светски титули, Нил Хадсон, Џејмс Тозланд, Трој Бејлис (2) и Карлос Чека, а исто така беше и дел од освојувањето на шест титули кај конструкторите, 2003, 2004, 2006, 2008, 2009 и 2011 година. Тој исто така му беше инженер на Трој Бејлис на легендарната трка во Валенсија во 2006 година.

„По 22 години воопшто не е лесно да се каже збогум и да се сврти друга страна. А тоа е уште потешко ако напуштате компанија каква што е Ducati. Но сепак, за секого од нас доаѓа период кога е потребен нов предизвик. Го напуштам Ducati но никогаш нема да заборавам дека тука имав голем број на незаборавни и успешни моменти, ја делевме пасијата, соништата и задоволствата но исто така и поразите, разочарувањата и проблемите.“

„Сите овие работи ја обликуваа мојата професионална кариера и ми помогнаа да научам дека „никогаш не смеете да се откажете“ не е само изрека туку стил на живот. Во однос на мојата иднина, одлучив да прифатам нов предизвик  но знам дека се што оставив зад себе засекогаш ќе има посебно место во моето срце. Голема благодарност до Ducati. Им благодарам на сите оние фантастични луѓе кои беа со мене во текот на годините. Има уште четири трки до крајот на мојата последна сезона во SBK, и тоа ќе биде дополнителна причина за мене да продолжам да се борам и да победиме заедно пред да се збогувам со моите колеги.“

Во однос на заминувањето на Маринели, извршниот директор на Ducati, Клаудио Доменикали, изјави: „Започнав да работам со Ернесто во 1995 година, годината кога тој се вработи во Ducati. Оттогаш научив да ги ценам неговите квалитети, посветеност и пасијата кон тркањето. Заедно делевме многу успеси но и разочарувања но никогаш не го видов да го загуби ентузијазмот . Под негово водство, Ducati постигна голем успех во Супербајк шампионатот и навистина ми е жал што одлучи да ја напушти нашата компанија по завршувањето на сезоната. Му посакувам голем успех и сигурен сум дека и во иднина ќе продолжи да го следи и поддржува Ducati.“

Би можело да ве интересира

Веќе долги години Suzuki работи напорно од своето седиште во Хамамацу.

„ Во суштина, ние се уште имаме проблеми со тракцијата и со максималната брзина. Ова е главното нешто кое ни недостасува во споредба со останатите “ - Франко Морбидели

Викендов на патеката во Серез, Грција, започнува БМУ Европскиот и Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Стартуваше новата MotoGP сезона. Минатата недела имавме навистина возбудлива трка во Катар. Новата MotoGP трка ни носи и нов Motul Суперфан.

Андреа Довициозо не сака да му посвети големо внимание на резултатот од првите три трки од новата сезона. Од она што можевме да го видиме во Катар, мотоциклите на Ducati беа најбавни во свиоците.

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.