Лорис Баз ќе се врати во Светскиот Супербајк шампионат и во сезоната 2018 ќе настапува за Althea BMW. 

Поранешниот возач на Kawasaki кој го постигна своето најдобро место во 2014 година откако заврши на петата позиција, ќе се врати во серијата откако го загуби местото во Avintia Ducati MotoGP. Иако беше познато дека Баз ќе се врати во шампионатот, сепак не се знаеше за кој тим ќе настапува. Французинот се поврзуваше со Red Bull Honda и MV Agusta пред конечно да потпише со поранешниот шампионски тим на Althea кои следната сезона ќе настапат само со еден мотоцикл.

loris baz 1

„Сакав да ја најдам најдобрата опција за мојата иднина и мислам дека тоа е Althea,“ изјави Баз. „Долго време го познавам Џенесио, разговаравме, и да бидам искрен, многу брзо постигнавме договор. Знам дека тимот е силен, успеаа да ја освојат титулата со Карлос Чека, и мислам дека ова е  многу интересен проект. Многу сум среќен поради оваа одлука. Со нетрпение чекам да се качам на S1000RR на тестовите кои ќе се оддржат во Херез.“

После оваа одлука на Баз, се чини дека Американецот Џек Гање ќе го пополни местото во Red Bull Honda и ќе му стане тимски колега на Британецот Леон Камиер.

Back To Top