WSBK

Скот Рединг: Не сме таму каде што сакаме но ....

Скот Рединг продолжува да се прилагодува на Aruba.it Ducati Panigale V4 R во пресрет на новата сезона од WorldSBK шампионатот.

Следете нè на:

 

Скот Рединг продолжува да се прилагодува на Aruba.it Ducati Panigale V4 R во пресрет на новата сезона од WorldSBK шампионатот.

Скот Рединг вели дека има напредок и дека пополека го разбира електронскиот пакет на неговиот Aruba.it Racing Ducat Panigale V4 R.  Поранешниот MotoGP возач се подготвува за неговата прва сезона во WorldSBK серијата. Минатата година со тимот на Ducati тој беше шампион во Британскиот Супербајк шампионат.

За разлика од BSB серијата, Рединг тука мора повеќе да се прилагоди на техничката верзија на Ducati Panigale V4 R а тоа веројатно ќе му биде и најголем предизвик во новата сезона.

Иако уште првиот ден падна, успеа да се врати на патеката и постигна петто најдобро време со резултат од 1 минута и 39.466 секунди. На крајот тој заостануваше речиси една секунда зад Џонатан Реа но од втората пзиција го делеа само 0.2 секунди.

Redding WSBK txt 03 12

„Денеска работевме на задното тркало, со него имавме проблем во последните два дена. Благодарение на моите механичари, откривме некои работи кои ќе ни помогнат да бидеме подобри. Се уште не сме стигнати до местото каде што сакаме да бидеме, но има напредок.“

„Покрај тоа што ги тестиравме новите пневматици на Pirelli, работевме и на електрониката. Тоа за мене е нешто сосема ново.“

„Задоволен сум од досегашните резултати и мило ми е што се прилагодувам на Panigale V4 R. Сега знам на што треба да работиме за да бидеме подготвени за новата сезона. “

Иако ова се само први тестови и се уште е рано да се донесе некаков заклучок, сепак Ридинг импресионираше на првиот настап со новиот мотоцикл на патеката во Арагон.  Доброто темпо се должи на моќноста која ја има мотоциклот на Ducati а како надополнување на ова, патеката во Арагон одлично одговара на Panigale V4 R. Тестот во Херез сигурно ќе даде попрецизни информации.

И покрај тоа што падна, Ридинг имаше успешни тестови и одлично се срави со моќноста која ја има неговата машина. Брзото прилагодување на новиот мотоцикл, сигурно го вметнува поранешниот MotoGP натпреварувач меѓу возачите од кои се очекува следната сезона да го предизвикаат Џонатан Реа.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу

Мото клубот Мечки и оваа година нема да ги заборави дечињата од дневниот центар за лица со посебни потреби од Куманово.

Во организација на О.К.Класик и Општина Сопиште на 14.12.2019год организираат манифестација од спортско рекреативен карактер АТВ И МОТО ДЕН СОПИШТЕ.

Со цел  ‘Mother of Hard Enduro’ да стане малку полесен за натпреварувачите на настанот ќе се приклучи и Motul. Компанијата ќе отвори Bike Wash.

Јохан Зарко соопшти дека во сезоната 2020 од MotoGP шампионатот ќе настапува за Avintia Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.