motori kawasaki-sbkТимот на Кавасаки веќе започна да го применува новото правило кое ќе стапи на сила следната сезона во Супербајк шампионатот. Сите тимови ќе бидат задолжени да стават налепници на своите мотори во форма на фаровите кои ги имаат нивните сериски мотори.

kawasaki-sbk

Тимот на Кавасаки веќе започна да го применува новото правило кое ќе стапи на сила следната сезона во Супербајк шампионатот. Сите тимови ќе бидат задолжени да стават налепници на своите мотори во форма на фаровите кои ги имаат нивните сериски мотори.

Зелениот тим одлучи да биде првиот кој ќе ја доближи тркачката верзија до онаа уличната Ninja ZX-10R, а правилата за следната година одат до таму што ќе има и ограничување на димензиите на бандажите на 17 инчи и алуминиумска изработка. Идејата е секој да може да го види својот омилен мотоцикл на патеката, колку што е можно по близок до она што може да се купи во продавница.

Идејата на Кавасаки е секоја година да ја подобрува Супербајк верзијата со цел следната година тој модел да се продава како уличен мотор. Технологија од која ќе имаат бенефит сите, тимот, но и љубителите на Кавасаки. Како што можевме да слушнеме и од Том Сајкс, тимот е на одлична патека и доколку продолжи така можеме да очекуваме превземање на Супербајк тронот од страна на Кавасаки.

Back To Top