WSBK

Џонатан Реа ја освои титулата за сезоната 2016

Џонатан Реа стана првиот возач по Карл Фогерти кој успеа да ја одбрани титулата во Светскиот Супербајк шампионат.

Следете нè на:

 

Џонатан Реа стана првиот возач по Карл Фогерти кој успеа да ја одбрани титулата во Светскиот Супербајк шампионат, откако на трката која се оддржа во Лосаил, Катар, го освои второто место.

rea sampion

На возачот на Kawasaki му беа потребни само два поени за да ја осигура титулата без разлика на тоа каков резултат ќе постигне неговиот единствен ривал, Том Сајкс.

Откако ја почна одбраната на титулата со убедлив настап на трката која се оддржа на Филип Ајленд, Реа до крајот на шампионатот не ја испушти првата позиција. Во текот на сезоната тој постигна девет победи, осум втори места, а четири пати се најде на третото место. Во текот на целата сезона, само три пати не успеа да се искачи на подиумот.

Откако во првиот дел од шампионатот  Реа направи голема предност, во вториот дел од сезоната таа се намали на нешто под 50 поени откако два пати по ред не успеа да ги заврши трките, во Лагуна Сека и Лаусицринг.

Сепак, одличниот настап на втората трка во Германија како и добрите настапи на Мањикур и Херез повторно му ја зголемија предноста.

Како резултат на тоа, Реа, со освоените поени на трката во Катар успеа да освои нова титула, негова втора, во Светскиот Супербајк шампионат.

На последната трка од шампионатот, Том Сајкс и Чез Дејвис ќе се борат за второто место во генералниот пласман.

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.