Историјата беше напишана одново на патеката Мањикур откако Џонатан Реа ја освои третата Светска титула по ред во WSBK шампионатот. Ова беше одличен ден за возачот од Северна Ирска кој исто така стигна и до својата 50-та победа во кариерата.

Историјата беше напишана одново на патеката Мањикур откако Џонатан Реа ја освои третата Светска титула по ред во WSBK шампионатот. Ова беше одличен ден за возачот од Северна Ирска кој исто така стигна и до својата 50-та победа во кариерата.

„Да бидам искрен, не можам да ги сумирам емоциите,“ изјави трикратниот шампион. „Едноставно само се чувствувам горд на мојот тим и на Kawasaki. Сите заедно вложивме голем напор, и, иако јас сум човекот кој ја помина целната линија, имаше голем број на луѓе кои ми го овозможија тоа. Секоја сезона е различна и специјална на свој начин.“ “

jonathan rea worldsbk kawasaki racing team 2017 world champion 1

„2015 беше одлична година, се приклучив на одличен тим кој имаше фантастичен мотоцикл. Се качив на мотоцикл кој беше спремен за победи и на крајот го освоивме шампионатот. 2016 беше поинаква бидејќи го имавме новиот ZX-10R и навистина сум горд на тимот поради постојаниот напредок.“

„Минатата сезона постигнавме голем успех и иако не освоиме премногу поени, успеавме да научиме како функционира мотоциклот и затоа беше потешко.“

Во досегашниот дел од кариерата на Реа во тимот на Kawasaki, тој успеа да стигне до 35 победи од кои само 12 беа во текот на оваа сезона. Признава дека тимската работа била клучот за успехот.

„Оваа сезона ја покажавме цврстината на тимот, на производителот. Имавме напорни тестови во текот на зимата и работевме напорно за да ги решиме проблемите. Сакам да му се заблагодарам на господинот Мацуда и на сите кои работеа напорно во Јапонија бидејќи ми овозможија да го остварам сонот. Јас ја поминав целната линија но има голем број на луѓе на кои сум им благодарен.“

Со оглед на тоа дека до крајот на шампионатот остануваат уште пет трки, Реа има можност да ја подобри својата статистика.

„Веднаш по завршувањето на трката почнав да размислувам за утре и за крајот на шампионатот. 2018 година засега изгледа непредвидлива бидејќи ќе мораме да разбереме како ќе функционира мотоциклот со новите правила.“

„Зимските тестови ќе бидат многу важни, а кога целосно ќе се посветиме на следната сезона, знам дека мојот тим и јас ќе дадеме се од себе.“

Back To Top