Алваро Баутиста планира нова победа на домашната патека на Ducati во Имола.
Алваро Баутиста можеби е само неколку месеци дел од Светскиот Супербајк шампионат но веќе стигна до неверојатни 11 победи по ред. Можеби оваа импресивна бројка се должи на трите трки кои ги имаме во текот на викендот но сепак Баутиста има одличен настап и со голема леснотија ги победува своите противници.
Возачот, кој во текот на својата кариера во MotoGP, три пати се искачи на подиумот, со својот Aruba.it Ducati Panigale V4 R заминува за Италија каде ќе се обиде да ја продолжи серијата на победи.
Патеката во Имола е единствената на која тој се нема натпреварувано досега. Иако тестираше на оваа патека, Баутиста сепак признава дека домашната патека на Ducati ќе му биде најголем предизвик.
„Пред две недели имав можност да тестирам во Имола, патека на која досега се немам натпреварувано. Тоа беше многу корисно и ми помогна подобро да се запознаам на патеката. Тесна е и има делови каде што морате посилно да притиснете на сопирачката. Но целата патека има добра комбинација на брзи и бавни свиоци.“
„Севкупно гледано, ова е забавна патека. Секако дека ќе биде интересен викендот и се надевам дека ќе продолжиме да бидеме компетитивни.“
„За тимот но и за Ducati ова е домашна трка и мораме да бидеме во најдобра форма.“
Би можело да ве интересира
Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.
Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција.
Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.
Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.
Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија.
Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.