Во 9 хали на Белградскиот саем се оддржа шестиот „BG CAR SHOW“ и 12-от меѓународен саем на мотоцикли „Motopassion“.

На најзначајниот годишен настан во Србија и регионот, во сегментот на автомобили и мотоцикли настапија 306 компании од 20 земји, тие претставија 34 автомобилски брендови и 36 брендови на мотоцикли. Кај автомобилите беа претставени 41 новитет, исто како и кај мотоциклите, а во саемот уживаа повеќе од 120.000 посетители.

bgcarshow16 3915 v

Традиционално на саемот беа присутни Светски познатите брендови како BMW, Harley Davidson, Honda, Yamaha, Suzuki, SYM, Ducati, Kawasaki, KYMCO, брендовите од PIAGGIO групацијата, а за прв пат во Белград ги видовме Indian Motorcycles и електричните скутери.

41 премиера во мото сегментот на овие простори ги донесе Harley-Davidson со моделот Softail Fat Boy 114; Ducati го претстави Panigale V4 S, Scarambler 1100/1100 Sport, Multistrada 1260 S/Pikes Peak и Monster 821; Yamaha TMAX DX, MT-09 Tracer GT, MT-07 i X-MAX400/X-MAX 300; Kawasaki Z900RS i Z1000SX; Suzuki GSX-R 1000 R ABS-L8...

Лидерот во моторните масла за мотоцикли и автомобили Motul имаше свој штанд на кој беа претставени последните достигнувања на компанијата како и широката палета на производи која покрива моторно масло за автомобили и мотоцикли, па се до средства за нега и оддржување на истите. Штандот на „MASS Company“ (увозникот на Мотул за Србија) беше посетен од голем број на авто и мото ентузијасти, а посебно внимание привлече новиот производ на компанија Motul 300V2.

Back To Top