(Време на читање: 2 - 3 минути)


Јамаха Мотор во Јапонија ги отвори нарачките за „Race Base“ верзијата на супербајкот YZF-R1 за 2027 година. Овој потег, кој компанијата го прави традиционално секоја година за да им овозможи на тркачките тимови да набават машини за на патека. Ова ги стивна шпекулациите за скорешно претставување на нов наследник на овој легендарен модел. Испораката на нарачаните примероци е закажана за крајот на февруари 2027 година.

Иако се очекуваше освежување на гамата, Јамаха потврди дека производството на YZF-R1 продолжува како што е. Моделот, кој е базиран на спецификациите од 2026 година, останува опремен со докажаниот четирицилиндричен агрегат од 997 кубика со „crossplane“ коленесто вратило, кој испорачува 200 КС и 113 Nm вртежен момент. Со оглед на тоа што моделот се произведува по нарачка, оваа објава ги прави претходните гласини за нов наследник да изгледаат многу помалку реални во овој момент.

2025 Yamaha YZF1000R1COMP EU Tech Black 360 Degrees 001 03

Технички континуитет и крај за R6

По воведувањето на строгите EURO5 и EURO5+ стандарди за емисија на гасови, Јамаха одлучи да не го прилагодува R1 според овој стандард, па така моделот во Европа е достапен исклучиво како машина наменета за патека, без хомологација за патишта. Во меѓувреме, Јамаха официјално стави крај на производството на моделот YZF-R6, вклучително и на неговата „Race Base“ верзија. Како негова замена во гамата е позициониран новиот модел R9, додека за R1 сè уште не е најавена директна замена. Шпекулациите за наследник на R1 се појавуваат секоја година, особено бидејќи најсилниот модел на Јамаха за јавни патишта моментално е 890-кубичниот трицилиндричен агрегат од Tracer 9, MT-09 и R9.

Спецификации и WorldSBK контекст

„Race Base“ верзијата се произведува директно на фабричките линии на Јамаха, по што се врши модификација за потребите на тркачките патеки. Фабрички се отстрануваат компонентите како што се светлата, ретровизорите, држачот за табличка, задните ногарки за сопатник, задниот браник, свирката и дел од пластиките, кои се заменуваат со соодветни делови за трки. Специјалната тркачка инсталација и ECU единицата не се вградуваат, туку се испорачуваат одвоено. Дополнително, важно е да се напомене дека во WorldSBK шампионатот од 2023 година, горната граница за зафатнина на двоцилиндричните мотори беше зголемена на 1200 кубика (од 2030 ќе важи и за четвороцилиндрични), правило кое првично беше наменето за агрегатите на Ducati, но се однесува и на линиските мотори како оној на Јамаха.

Јамаха Мотор од 26 февруари 2027 година ќе го пушти во продажба „YZF-R1 Race Base Model“, дизајниран исклучиво за употреба на патека. Моделот е базиран на YZF-R1 од 2026 година и вклучува крилца за подобра стабилност, KYB предна суспензија со независно прилагодување на компресија и повратен удар, Brembo Stylema моноблок сопирачки со радијален главен цилиндар и седиште со зголемен грип.Јамаха Мотор Јапонија

Цената на овој „Race Base“ примерок во Јапонија изнесува околу 13.200 евра, а со давачки во Европа цената се движи околу 26.000 евра. Иако иднината на R1 останува предмет на дебата, овој потег на Јамаха јасно покажува дека актуелната платформа, која се продава уште од 2000 година, ќе остане присутна на патеките уште некое време, иако е јасно дека моделот полека се движи кон музејска поставка во Yamaha Plaza.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: