(Време на читање: 1 минута)


Сигурно го помните видеото во кое моторџијата ја запроси својата девојка на сред автопат. Случката доби и правна разврска откако четворица од учесниците се уапсени заради предизвикување јавна опасност.

proposal

Сигурно го помните видеото во кое моторџијата ја запроси својата девојка на сред автопат. Случката доби и правна разврска откако четворица од учесниците се уапсени заради предизвикување јавна опасност.

Младоженецот и тројца негови пријатели се уапсени поради предизвикување јавна опасност и учество во незаконско собирање. 24 годишниот Хектор Мартинез од Ковина, Калифорнија беше уапсен поради „непотребно забрзување.“

Најмалку 250 мотоциклисти го блокираа автопатот на 27 Јануари за Мартинез да може да и предложи брак на својата девојка. Блокадата која траеше две минути беше снимана и набргу се најде на интернет.

„Тие направија спектакл од тоа,“ изјави наредникот Курт Стормс. „Тоа е шлаканица за законот“

Стормс изјави дека успеале да ги најдат лицата преку социјалните мрежи бидејќи обвинетите премногу се фалеле за тоа што го направиле.

Против идната невеста не е покренато никакво обвинение.

Во продолжение и видеата од запросувањето

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: