Повеќето мотоциклисти сигурно нема да го препознаат името Раџив Бајај. Но како извршен директор на „Bajaj Auto“, Раџив е на чело на еден од најголемите мото брендови во светот.

Повеќето мотоциклисти сигурно нема да го препознаат името Раџив Бајај. Но како извршен директор на „Bajaj Auto“, Раџив е на чело на еден од најголемите мото брендови во светот.

bajaj

А како што разбравме вчера, Bajaj е една од неколкуте компаниии кои се заинтересирани за Ducati- секако доколку групацијата „Volkswagen“ се одлучи да го продаде овој историски бренд. Во Bajaј  веруваат дека Германците ќе се решат да го продадат Ducati, а уште повеќе и веруваат дека Италијанскиот бренд наскоро ќе стане дел од нивното портфолио.  Во интервју за Economic Times, од компанијата потврдија дека тие се во финалната фаза од преговорите за купување на Ducati.

„Блиску сме до склучување на еден многу важен сојуз,“ изјави Бајај. „Се уште не е сигурно дали тоа ќе се случи, но доколку испадне така, тоа ќе отвори големи можности за компанијата. Од таа причина и штедиме, за кога ќе се отвори ваква можност веднаш да реагираме.“

Се верува дека компанијата има резерви од речиси 13 милијарди долари што би значело дека компанијата би можела да си дозволи да плати 1.5 милијарди колку што Германската компанија бара за Ducati.

Ваквата трансакција би имала смисла и за двата бренда бидејќи Бајај сака да го продолжи развојот надвор од Индискиот пазар, а Ducati би имала корист од ниските трошоци за производство.

Сепак останува да видиме дали Бајај ќе успее да го убеди и синдикатот на Volkswagen кој контролира половина од извршните директори на компанијата.

Back To Top