Иако Yamaha има одличен напредок со MOTOBOT, Honda не заостанува премногу. Всушност, Јапонската компанија го патентираше Computer Instructor, интерактивен дигитален систем  кој има за цел да им помогне на мотоциклистите  да бидат подобри возачи.

На системот може да се гледа како на личен, дигитален, паметен советник кој им покажува на возачите како да го подобрат нивниот стил на возење и како да бидат безбедни во исто време.  Веројатно претпоставувате дека системот функционира со помош на сензори кои ги има на моторот и кои собираат голем број на податоци. Станува збор за жироскоп, сензор за брзина, видео камера и GPS локатор.

honda rc213v 10 g

Сензорот пренесува податоци во мини компјутерот, а потоа тие податоци можат да се видат на екранот кој се наоѓа на таблата. Компјутерот ги анализира податоците и може веднаш да ви даде совет. 

Добрата работа на овој систем е дека веднаш ги дава податоците. За разлика од тренер кој првин го гледа возачот, а потоа кажува што е добро, а што не е, овој систем веднаш ви ги кажува информациите, за време на возењето. Ќе добиете совет за тоа колку да ја притиснете гаста, какво да ви биде сопирањето, позицијата на патот и уште многу други податоци.

Можеме само да шпекулираме дека овој систем ќе биде адаптиран на различни сценарија, од тоа да им помогне на новите возачи како да бидат подобри и побезбедни па се до професионалните возачи. Претпоставуваме дека системот ќе може да се адаптира и да ви дава податоци за тоа која е надобрата позиција да влезете во свиок, кога е најдобро да притиснете на сопирачките и друго.

Интересни работи од Honda и многу ветувачка технологија која ќе им помогне на новите и на искусните возачи. Сега само да се надеваме дека ќе стане реалност.

Back To Top