Тестови

Наш тест: Hamachi YS 250

hamachi_xy_250_mala.jpgHamachi YS 250, нова верзија на популаното супермото од Qingqi кое се покажа како одличен избор на многумина пред се заради одличните возни карактеристики и издржливоста.

Следете нè на:

 

Кога во нашата редакција дојде веста дека во салоните на Hamachi пристигнале новите модели бевме љубопитни да дознаеме што донеле овојпат, па побаравме и добивме на тест еден од новите модели.

На прв поглед веднаш препознавме нова верзија на популаното супермото од Qingqi кое се покажа како одличен избор на многумина пред се заради одличните возни карактеристики и издржливоста.

hamachi_xy_250_1.jpghamachi_xy_250_1.jpg

Овојпат се работи за модел произведен од Loncin, кои исто како и Qingqi го произведуваат моделот кој до сега можеше да се сретне на нашиот пазар. Во однос на "старата" верзија веднаш се забележливи разлики кои и тоа како ќе им се допаднат на возачите.

hamachi_xy_250_2.jpgВолуменот на агрегатот е зголемен од 200 на 230цц а со тоа и моќноста која сега изнесува 16кс. Максималната брзина е повторно иста (110км/ч) и покрај тоа што производителот има декларирано макс. брзина од 115 км/ч. Реално гледано се работи за податок кој воопшто не е важен бидејќи никој не го купува супермотото заради крајната брзина. Она што не импресионираше на тест возењето е моќта која ја има моторот на ниски вртежи и која е значително зголемена во однос на претходниот модел кој го тестиравме.

hamachi_xy_250_3.jpghamachi_xy_250_3.jpg

Одличен впечаток ни остави и суспензијата која позади сега носи монокрос пневматски амортизер, а на предницата се задржани одличните upside-down вилушки.  Кочниците (дискови напред и назад) повторно се на ниво на задачата потпомогнати од панцир цревата. За жал инструмент таблата е променета и повеќе не можете да уживате во мерачот на вртежи бидејќи го нема. Поставена е лцд табла на која јасно се чита брзината и податоците за изминатиот пат но повеќе уживавме во старата аналогна на која меѓу другото имаше и покажувач на брзините.

hamachi_xy_250_4.jpgЗадницата на моторот е разубавена и со новиот дизајн на стоп светлото кое е изработено во ЛЕД технологија и нуди одлична видливост, а новиот алуминиумски издув освен убавиот изглед нуди и по "мазен" звук.

Тркалата  се со истите димензии (17'', 110 напред / 130 одзади) како кај претходниот модел, а мала промена е направена во компонентата на самите гуми но недоволно за да ги препорачаме да ги задржите. За посериозно возење задолжително променете ги со соодветни (одличен избор се Continental ContiTwist SM).

hamachi_xy_250_5.jpghamachi_xy_250_5.jpg

Во однос на димезиите моторот е незначително променет во однос на претходниот модел кој доколку претходно сте го возеле нема да имате никаков проблем да се навикнете на новиот мотор.

Репортажата можете да ја најдете во најновиот број на "AutoFocus"  

За крај ќе додадеме дека одлично се забавуваме возејќи го новиот модел,  и наша препорака е да поминете во некој од салоните на Hamachi, да направите тест возење и самите да се уверите во можностите на новиот модел.

Моторот за тестирање беше позајмен од Хамачи Скопје (Тел.2044-303) 

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.