hugo-payen-dakar-yamaha-yzf450-11

Барате за кого да навивате на релито Дакар 2013?  Што мислите за Хуго Пајен, Француски натпреварувач кој вози Yamaha WR450F. За Пајен ова е седмо учество на релито Дакар, а најдобар резултат му е 48-то место во 2011 година.

hugo-payen-dakar-yamaha-yzf450-11

Пајен е спонзориран од Марк Дорсел, Француски продуцент на порнографски филмови.

Барате за кого да навивате на релито Дакар 2013?  Што мислите за Хуго Пајен, Француски натпреварувач кој вози Yamaha WR450F. За Пајен ова е седмо учество на релито Дакар, а најдобар резултат му е 48-то место во 2011 година. Моментално Пајен се наоѓа на 61-то место на петтата етапа од релито, стартувајќи го денот од 67-то место.

Пајен се натпреварува во категоријата наречена “Malles Moto” тоа значи дека се натпреварува без тим за подршка, и се потпира само на алати и опрема кои обично ги носат организаторите на трката од етапа во етапа. Но тоа не е причината поради која Пајен привлече толкаво внимание. Тој е спонзориран од порно студио. 

Поконкретно, Пајен е спонзориран од Марк Дорсел, Француски продуцент на порнографски филмови. Всушност ова е трета година како Дорсел го спонзорира учеството на Пајен на релито Дакар. Откако се пласираше на 48то место во 2011 година, Пајен заврши на 60тото место во 2012. И во двата наврати неговиот моторцикл ги носеше боите кој ја промовираат работата на Дорсел. Минатата година, на неговиот мотор имаше слика од Француската порно ѕвезда со Руско потекло Ана Полина.

Оваа година, Пајен повторно има обележја од индустријата на Дорсел. Овој пат тоа е уште една ѕвезда од филмската индустија за возрасни Клер Кастел. Пајен вели дека негова цел оваа година е да заврши меѓу првите 30 натпреварувачи, но мислиме дека на неговиот спонзор нема да му биде проблем доколку тој заврши на 69-то место.

Сепак, тоа е бројот под кој се натпреварува.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.