Хонда денеска објави дека се среќни што Кејси Стонер им се враќа на трките, овојпат преку трката на издржливост 8 часа Сузука.

cs 1 lowres

Хонда денеска објави дека се среќни што Кејси Стонер им се враќа на трките, овојпат преку трката на издржливост 8 часа Сузука.

Двократниот Светски шампион во МотоГП шампионатот (2007 и 2011) ќе му се приклучи на „MuSASHi RT HARC-PRO“ тимот во кој ќе биде дел од трочлениот екипаж, заедно со Микаел ван дер Марк (Супербајк) и Такуми Такахаши (тест возач на Хонда и шампион во јапонскиот супербајк).

Хонда ќе се обиде да дојде до шестата последователна победа на трката на издржливост која трае 8 часа, а во која тимовите составени од два или повеќе возачи се менуваат при влегување во пит стопот.

Стонер е запознаен со моторот кој ќе се вози на Сузука, тој имаше прилика да го вози на последниот тест на Сепанг откако претходно го продолжи договорот за соработка со Хонда. 8 часа Сузука се вози на 26-ти јули, а до тогаш Стонер ќе има прилика уште два пати да го тестира моторот, на 7/8 и на 14/15 јули.

По тестирањето на Сепанг активно разговаравме со Хонда за можното мое учество на Сузука, за мене тоа е настан на кој отсекогаш сум сакал да учествувам, но немав прилика додека се натпреварував во МотоГП. Моторот кој се вози е многу различен од оној во МотоГП, но за мене тоа е само нов предизвик и шанса да пробам нешто ново и нешто на што не сум навикнат во мојата кариера. Импресиониран сум од настапот на ван дер Марк во Супербајк шампионатот, Такахаши пак има огромно искуство па навистина со нетрпение ги очекувам нивните коментари и што побрзо да започнеме со подготовките за трката во јули.изјави Стонер
Back To Top