Останато

Алекс Маркез останува во Мото2 до 2020

Лидерот на табелата Алекс Маркез ќе ја вози шестата сезона во Moto2 серијата.

Следете нè на:

Лидерот на табелата Алекс Маркез ќе ја вози шестата сезона во Moto2 серијата.

Лидерот на табелата во Moto2 серијата нема да премине во MotoGP шампионатот во сезоната 2020 откако го продолжи договорот со Estrella Galicia 0,0 Marc VDS. Шпанецот, кој е помлад брат на MotoGP шампионот Марк Маркез, се приклучи на Moto2 тимот во 2015 година откако една година претходно ја освои титулата во Moto3 шампионатот. Со пет победи на последните седум трки, тој стана еден од главните кандидати за премин во MotoGP.

Но без разлика како ќе заврши сезоната, Маркез и следната година ќе биде дел од Moto2 шампионатот.

„Многу сум среќен што можам да објавам дека и следната сезона ќе бидам дел од Estrella Galicia 0,0 Marc VDS“, изјави Маркез.

„Благодарен сум за довербата која тимот ја има во мене. Ќе можам дополнително да се подготвам за исполнување на мојот сон, односно настап во MotoGP.“

alex marquez

Со ова завршуваат сите шпекулации кои го поврзуваа Маркез со премин во премиерната класа.

Иако имаше слаб старт на сезоната, подобрувањето на формата на последните неколку трки го вметнаа Маеркез меѓу фаворитите за премин во Гран При класата. Во еден момент, постоеа сериозни шпекулации дека ќе го заземе местото во Avintia Racing. Сепак, сето ова падна во вода кога беше соопштено дека тимот потпишал договор со Тито Рабат.

Имаше информации дека би можел да ги засили Petronas Sprinta Racing а потоа во 2021 година да премине во MotoGP тимот на Yamaha. Овој потег наводно бил спречен од страна на Валентино Роси кој не сакал Маркез да има никакво влијание во тимот од Ивата.

Првиот човек на Marc VDS, Марк ван дер Стратен вели дека тие со задоволство би биле дел од неговиот пат кон MotoGP, но не би сакале тој да биде дел од друг тим од Moto2 серијата.

„Навистина сум среќен што тој ќе остане дел од нашиот тим уште една сезона. Го сакаме најдоброто за него бидејќи го заслужува тоа.“

„Но морам да напоменам дека не би сакал да го видам во друг тим од Moto2 серијата. За среќа тој ќе остане дел од нашата екипа и целата своја кариера во Moto2 ќе ја помине со нас.“

Британскиот возач Сем Ловс најверојатно ќе му се приклучи на Маркез и ќе го замени Чави Виерге.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Благодарение на Мото Азуро имавме прилика да го провозиме новиот Yamaha Tenere 700 и да уживаме во карактеристиките на овој специфичен модел.

Иако МотоГП шампионатот сè уште не е започнат, падокот врие од новостите кои пристигнаа деновива.

Првата трка од Ендуро шампионатот на Македонија за 2020 година ќе се вози на 21-ви јуни во Велес.

Конечно добри вести за љубителите на МотоГП, денеска беше објавен официјалниот календар според кој сезоната конечно ќе започне на 19-ти јули со трката во Херез.

На листата на откажани трки за 2020 денеска беше додадена и легендарната Муџело.

Трката која требаше да се вози на 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје се одложува до следниот викенд, односно 14-ти јуни.

Реклами

Листа на мото настани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.