Останато

70 000 лица ќе облечат костуми и ќе бидат дел од манифестацијата „Distinguished Gentleman's Ride“

По минатогодишната успешна организација на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”,Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Следете нè на:

 

По минатогодишната успешна организација на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”,Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот. Вториот по ред настан од овој тип кај нас ќе се одржи на 24 Септември 2017 година, недела, на територијата на град Скопје, каде што околу 100 навистина интересни моторцикли, управувани од господа и дами во официјална гардероба.

dgr

Речиси 70 000 возачи ќе бидат дел од овогодинешниот „Distinguished Gentleman's Ride“ кој ќе се оддржи во сабота, 24-ти септември. Досега се собрани  2,821,259 долари кои ќе бидат наменети за фондацијата „Movember“

Настанот е идеја на Австралискиот возач Марк Хона и за прв пат се оддржа во 2012 година низ 16 земји ширум светот. Оттогаш па се до денес, собрани се повеќе од 10 милиони долари кои се наменети за подобрување на машкото здравје. Оваа година настанот ќе се оддржи во 95 земји.

Зборувајќи за време на претставувањето на настанот, Хона изјави: „Во 2011 година, кога организирав настани со „Sydney Cafe Racers“, немаше шанси да слушнете како маж зборува за рак на тестисите. Пред две недели организирав сличен настан и двајца возачи отворено зборуваа за тој проблем. Една од целите кои сакавме да ги постигнеме со овој настан е мажите отворено да зборуваат за овој проблем. Овие настани ги приближуваат луѓето. Се забавуваат, создаваат заедници и како резултат на тоа, тие заедници им помагаат на другите луѓе. Ние сакаме да им покажеме на луѓето дека моторџиите се добри луѓе.“

Но дури и да не возите можете да волонтирате на настанот.

Целта на манифестацијата

„Distinguished Gentleman's Ride“ и фондацијата „Movember“ заедно собираат средства кои се наменети за истражување на ракот на тестисите како и на голем број на програми за ментално здравје ширум светот. Ракот на простатата е вториот најчест облик на рак кај мажите и често се развива без да се забележат симптомите во раните фази на болеста.

Фондацијата „Movember“ исто така помага во истакнување на здравствените проблеми кај мажите. Речиси 510 000 мажи секоја година вршат самоубиство.

Основачот на фондацијата „Movember“ вели: „Сите ние возиме мотоцикли и привилегирани сме што сме партнери на манифестацијата. Со ова започнавме во 2006 година и јас досега веќе имам загубено еден пријател кој се самоуби.  Жените разговараат директно за проблемите но мажите не се такви. Момци, не бидете такви. Низ годините сме имале голем број на приказни од возачи кои имале таков проблем во своите фамилии како и некој што се соочува со ментални проблеми. Секоја минута по еден човек си го одзема животот.“

Компанијата Triumph, која е официјален партнер на настанот, оваа година создаде специјален мотоцикл за Фил Грин од Ковентри кој беше дијагностициран дека има рак на тестисите кога имаше 43 години. Мотоциклот наречен Dapper Bonnie DGR100, има „Vance & Hines“ издув, „Fox“ задни амортизери како и оригинално „Harris Tweed“ седиште.

Покрај со Triumph, организацијата има договор и со часовниците Zenith како и со производителот на кациги Hedon. Оној кој ќе собере најмногу пари ќе добие Triumph Bobber, Zenith DGR Ton-Up часовник како и уникатна Hedon Kingpin кацига.

За останати информации околу самиот настан контактирајте го Благоја од The Distinguished Gentleman’s Ride Skopje.

Би можело да ве интересира

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.