Производителот на ѕвезди и ланци „ЈТ“ важи за водечки во светот, дознаваме зошто е тоа така.

Зошто ЈТ

JT Sprockets е најдобриот светски производител на ѕвезди. Тие постојано ги подобруваат стандардите во индустријата во однос на квалитетот и услугата. Посветени се на обезбедување на најиздржливите, најквалитетните ѕвезди на пазарот. Токму поради оваа причина тие продаваат повеќе ѕвезди од сите други компании заедно.

jt

Суровини

Ѕвездите на ЈТ се произведуваат само со најдобрите материјали. Aviation-grade 7075-T6  алуминиумска легура за лесните натпреварувачки ѕвезди. SCM420 хромирана челична легура за предната ѕвезда, а тие се единствениот производител кој за задната ѕвезда користи ултра издржлив, високо карбонизиран C49 челик.

Производство

Фабриката е најголемата и најнапредната фабрика во светот. Целосно е опремена со прецизни машини, вклучувајќи ја и најновата генерација на CNC компјутерски дизајн и опрема за компјутерско сечење на металот.

Главната компонента кај високо квалитетната ѕвезда е прецизноста при производството како и квалитетот на материјалот. Преку точна обработка, JT обезбедува максимална издржливост и перформанси.

ЈТ тоа го прави преку бушење и обработка. Постои само еден докажан начин за да се направат вистинските профили.

Сите ѕвезди на ЈТ ги исполнуваат стандардите за квалитет кои се поставени од мото индустријата.

Контрола на квалитетот

Сите ѕвезди поминуваат низ 25 производствени етапи и 10 индивидуални контроли пред да ја напуштат фабриката.

Дистрибуција

Исклучитено големи резерви секогаш се чуваат во дистрибутивните центри на ЈТ во Лондон и Атланта. Со интернационална мрежа на дилери распоредени во повеќе од 70 земји, ЈТ ви нуди супериорно квалитетен производ и услуга на кои сите им завидуваат. Во Македонија ЈТ ѕвездите и ланците можат да се набават преку дистрибутерот Скај Мото.

Достапност

ЈТ дизајнира и произведува преку 18 милиони ѕвезди годишно за сите видови на мотоцикли и ATV. Во моментов има преку 2500 видови алуминиумски или челични ѕвезди. 

Back To Top