- Банерот е успешно зачуван
- Напишано од: Stole
2019-та помина и мораме да признаеме дека беше неверојатна.
Електричните мотоцикли не само што го променија возачкото искуство, за некои позитивно а за некои негативно, туку тие исто така влијаеа и на самиот изглед на мотоциклите. За дизајнерите, електричните мотоцикли истовремено преставуваат предизвик но и нови можности.
Неколкупати имаме пишувано за CRF1000L Africa Twin и мораме да признаеме дека тоа е навистина добра машина. Големиот авантуристички мотоцикл на Honda има добар баланс на моќ и управување. Одличен е за подолги патувања а има и добра репутација за возење на оф роуд патеките.