Додека продолжува дискусијата околу безбедноста во MotoGP боксовите, актуелниот шампион Марк Маркез предлага да почне да се употребува „lollipop man“, кој веќе го има во Формула 1.
Христијан Бузалковски (Бузо), нашиот најмлад натпреварувач во брзински моторциклизам, додека трае оваа летна пауза, реши да сподели дел од своите планови и плановите на неговиот тим.
Благодарение на добриот настап на вториот дел трката во Брно, Валентино Роси успеа да ја поправи грешката која ја направија тој и неговиот тим откако не успеаа навреме да го променат мотоциклот.
Возачот на Ecstar Suzuki, Андреа Ианоне, со нетрпение чека да се врати на GSX-RR за трката во Брно која ќе се оддржи овој викенд откако во текот на летото успеа да направи подобрувања на мотоциклот
После 38 години, Гран При трките се враќаат во Финска. Денеска Dorna потврди дека постигнале пет годишен договор со патеката „KymiRing“ која ќе биде домаќин на MotoGP од 2019 година.
Анхел Нието почина по сообраќајната несреќа која ја доживеа на Ибица. Нието, кој е освојувач на 12 + 1 шампионски титули, почина во вторникот попладне откако се здоби со сериозни повреди додека возеше мотоцикл со четири тркала на Ибица.