- Напишано од: Motori.com.mk
Младиот Драган Ванов (МК Мото Велес) годинава забележа огромен успех откако го завери третото место во генералниот пласман во БМУ Европскиот шампионат во ендуро. Трките се бодуваа и за Романскиот ендуро шампионат па Ванов со истиот успех се закити со бронзата и на ова натпреварување.