Иако многумина очекуваа да има прооблеми Алваро Баутиста на стартот од новата сезона, Шпанецот изненади со тоа колку бргу се прилагоди на новата машина откако го имаше своето деби на новиот Panigale V4 R за време на тестот кој се оддржа во Херез оваа недела.
Данило Петручи постигна најдобар резултат на првиот од дво-дневните тестови кои се оддржуваат на патеката во Херез. На втората позиција се најде уште еден Италијанец, Андреа Довициозо. На третото место на тестот, кој е последен за оваа година, се најде возачот на LCR Honda, Такааки Накагами.