„ Пред секоја трка, поминувам околу 40 минути околу мотоциклот, зборувам со него, тоа е речиси исто како да сме на состанок “ – Валентино Роси

Тој е седум-кратен MotoGP Светски шампион и сигурно си мислите дека неговата рутина пред секоја трка е едноставна. Но грешите.

Во интервју за Италијанската емисија „Che Tempo Che Fa“, 39 годишниот возач ги откри работите кои ги прави пред секоја трка, се со цел да има добар настап.

Но, она на кое го посветува своето внимание не е неговата девојка. Наместо тоа, возачот на Yamaha сака да го помине времето пред трката разговарајќи со својот мотоцикл.

„Ги чувам сите мотоцикли на Yamaha со кои имам стигнато до светската титула“, откри Роси.

„Пред секоја трка поминувам речиси 40 минути околу мотоциклот, разговарам со него, речиси исто како да сум на состанок.“

Rosi Txt 31 01

Но и покрај тоа што наскоро ќе наполни 40 години, Роси не планира да забави.

„На 16-ти февруари ќе наполнам 40 години. Никогаш не помислив дека ќе се натпреварувам толку долго. Никогаш не помислував на годините бидејќи се што сакав е да се тркам со мотоцикли. Можеби во иднина ова ќе го направат и останатите возачи , но за мене најважното нешто е да останам компетитивен.“

„Убеден сум дека ако можеме да го подобриме мотоциклот, можеме да бидеме компетитивни.“

Роси официјално за прв пат оваа сезона ќе се појави на патеката за време на тестот кој се оддржува во Малезија помеѓу 6. и 7. февруари.

Back To Top