„Ако се преселиме во области каде што економијата е подобра од онаа во Европа, ќе имаме подобри финансиски резултати“ - Лин Џервис, Yamaha

lorenzo-sepang2

„Ако се преселиме во области каде што економијата е подобра од онаа во Европа, ќе имаме подобри финансиски резултати“ - Лин Џервис, Yamaha

MotoGP има потреба од повеќе трки во Југоисточна Азија, плус враќање во Јужна Америка и Африка

Тоа е размислувањето на извршниот директор на Yamaha,  Лин Џервис кој смета дека сегашниот календар во кој доминира Европа, не ја одразува комерцијалната реалност на продажбата на мотоцикли.

Од 18 трки на календарот за 2013 година, 11 се во Европа.

Би сакал да го видам овој спорт преселен на други пазари ширум светот. Пазари кои брзо се развиваат. Особено во Југоисточна Азија. MotoGP е многу важен таму, а ние имаме само една трка, онаа во Сепанг. Дефинитивно има капацитет за повеќе трки таму.

Би сакал шампионатот да прерасне во вистински глобален шампионат. Би сакал да го видам во Јужна Америка или повторно во Африка. Би сакал да видам две трки во Југоисточна Азија и сметам дека ако се преселиме во области каде што економијата е подобра од онаа во Европа ќе имаме подобри финансиски резултати.

Верувам дека има голем интерес за MotoGP таму. Веруваме во овој спорт, но мораме да работиме сите заедно за да имаме раст и за да го промовираме.

изјави Џервис

За Yamaha оваа сезона ќе возат двократниот MotoGP шампион Хорхе Лоренци и Валентино Роси кој има седум титули во кралската класа, а вкупно 9 зад себе.

Yamaha ги испрати Роси и Лоренцо во Индонезија во Јануари-каде што Роси го имаше првото претставување пред јавноста по неговото враќање во Yamaha. „Докторот“ оттогаш го посети и Бразил, потврдувајќи ги со тоа глобалните приоритети на Yamaha.

Трките во Африка, местото на кое Роси ја оствари дебитантската победа во 2004 година, и Бразил беа укинати на крајот на таа сезона. Аргентина е закажана да се врати во 2014 година откако во последен момент беше исклучена од календарот за 2013 година.

Back To Top