„Ќе почекаме пред да донесеме одлука кој помеѓу Јанон и Довициозо ќе остане во тимот“

Ducati велат дека сѐ уште не одлучиле кој ќе му биде колега на Хорхе Лоренцо следната сезона.

Спортскиот директор на тимот, Паоло Чиабати, ја отфрли можноста тимот да потпише договор со нов возач и потврди дека ќе задржат еден од актуелните возачи.

ducati nema zamena

Во интервју за Sky Italia, Чиабати изјави: „Сѐ уште не сме одлучиле. Првин сакавме да го обезбедиме потписот на Лоренцо. Сега ќе почекаме пред да одлучиме кој ќе остане во тимот, дали Јанон или Довициозо.“

„И двајцата се извонредни возачи и нема да имаме лесен избор. Разговаравме и со двајцата и мислам дека неизвесноста околу нивната иднина нема да им влијае. Разговаравме и со Хорхе и нему му е сеедно кој ќе му биде следен колега.“

Актуелниот светски шампион Лоренцо ќе премине во тимот на Ducati со кого потпиша двегодишен договор. Шпанецот е најпознатиот возач кој го променил тимот откако Валентино Роси премина од Yamaha во Ducati и Кејси Стонер премина од Ducati во Honda во 2011 година.

„Сакавме да потпишеме договор со еден од најдобрите возачи и знаеме дека тој кој ќе ни помогне да ја освоиме титулата“, изјави Чиабати. „Мислам дека мотоциклот што го имаме оваа сезона и фактот дека сме компетитивни беше одлучувачко при потпишувањето на овој договор.“

„Сметам дека не беше тешко да го убедиме Хорхе.“

И Довициозо и Јанон овоија по едно место на подиумот во изминативе три трки, а две трки не успеаа да ги завршат. Најпозната е трката во Аргентина кога Јанон се судри со Довициозо на неколку метри пред крајот на трката.

Back To Top