Маверик Вињалес вели дека не може да дочека да почне новата сезона од MotoGP шампионатот. На последниот претсезонски тест тој се фокусираше на новите пневматици а тестот го заврши како најбрз возач.

Маверик Вињалес новата сезона ќе ја започне како најбрз возач на последниот претсезонски тест кој се оддржа во Катар.  Возачот на Monster Yamaha на крајот заврши на првото место со предност од 0.033 секунди пред Франко Морбидели од Petronas Yamaha. А за разлика од Куартараро и Морбидели, Вињалес извозе помалку кругови.

По завршувањето на тестот,  пневматиците на Вињалес беа навистина сочувани, за разлика од оние на неговиот тимски колега Валентино Роси, кој за време на последниот ден од тествите извозе осум круга.

„Денеска беше навистина добар ден за нас бидејќи настапивме со веќе искористени пневматици. А плус и условите на патеката беа тешки за возење“, вели Вињалес.

 DSC5377 copy copy copy

„Се обидовме да се адаптираме. Дадов се од себе додека возев со овие пневматици. Се обидов да видам што треба да направам кога условите на патеката не се идеални. “

„Среќен сум бидејќи и тимот работи навистина напорно. После шест дена тестирање се  чувствувам навистина добро со мотоциклот. Треба да продолжиме да работиме, имаме напредок но знам дка можеме повеќе.“

„Искрено навистина уживав за време на последните три дена. Неделата која е пред нас ќе биде навистина долга но со нетрпение го чекам стартот на сезоната.“

„Маверик изгледа навистина добро“, вели тимскиот менаџер Масимо Мерегали. „Секогаш е добро кога ќе се најдете на првото место а ние сме навистина задоволни од неговата брзина.“

Back To Top