Хомологациските светлосни панели ќе бидат присутни на секоја MotoGP патека почнувајќи од сезоната 2022.

MotoGP ќе му се приклучи на F1 и почнувајќи од сезоната 2022, ќе почне да ги употребува светлосните панели кои се користат за презентирање на безбедносни информации.

Панелите имаат за цел да им помогнат на тимовите кои понекогаш имаат проблем да ги видат безбедносните знамиња. Тие ќе бидат управувани од безбедносните маршали а ќе бидат присутни на сите патеки.

Секоја од FIM патеките од MotoGP, World Superbike и Endurance сериите имаат една година да ги инсталираат Т1 или Т2 хомологациските светлосни панели.

Самите панели пак поминуваат низ ригорозни безбедносни проверки и тие се тестираат на различни временски услови.

 DSC4166 copy

Британската компанија „EM Motorsport“ во моментов е единствениот производител кој го помина тестот на FIA за Т1 и Т2 светлосните панели. Сепак, уште неколку други компании се блиску до хомологација на своите производи.

„FIM и FIA делат силна врска во однос на безбедноста и ова само уште повеќе ја засилува нашата соработка“, изјави Франк Вајси од FIM.

„Задолжителната употреба на овие панели на сите патеки кои се дел од FIM и каде се оддржуваат трки од MotoGP, Superbike и Endurance сериите ќе помогне да се обезбедат највисоки безбедносни стандарди на сите патеки.“

Во моментов во Formula 1, промоторот на серијата е задолжен да ги транспортира панелите од една ан друга патека. Ова значи дека другите трки кои се одджуваат на истите патеки не можат да ги користат панелите.

Според новите правила, секој шампионат кој се оддржува на FIA Grade 1 или FIM Grade A патека ќе имаат пристап до оваа технологија.

Проблемот со прегледноста на жолтото знаме оваа година беше сериозен проблем во MotoGP. Голем број на најбрзи кругови на тренинзите и на квалификациите беа постигнати во моменти кога беше кренато жолтото знаме.

Во тој случај резултатот не беше прифатен а многумина од возачите се жалеа дека не биле свесни дека во тој момент било кренато жолтото знаме.

Back To Top