MotoGP

Шест кратки вести од MotoGP гаражите

MotoGP се враќа во Европа а тимовите, возачите и организаторите почнуваат да размислуваат за иднината.

Следете нè на:

 

MotoGP се враќа во Европа а тимовите, возачите и организаторите почнуваат да размислуваат за иднината.

Сега откако завршија трите трки преку океанот, MotoGP се враќа во Европа а тимовите, возачите и организаторите почнуваат да размислуваат за иднината.

Во Ле Ман, имаше долги разговори меѓу организаторите. Поради тоа се појавија и голем број на шпекулации, интервјуа и вести за тоа што би можело да не очекува во иднина. Еве накратко дел од нив.

Календарот ќе се зголеми на 22 трки

Во 2016 година, Dorna потпиша пет годишен договор со тимовите и фабриките во однос на правилата, бројот на трки како и подршката на тимовите. Максималниот број на трки беше фиксиран на 20 додека пак 24 возачи ќе можат да се појават на патеката.

Во текот на следната година ќе почнат преговори за периодот 2022-2026 а германскиот магазин Speedweek наведува дека не очекуваат промени. Слични вакви информации се појавија и по завршувањето на трката во Ле Ман. Најголема промена се очекува кај бројот на трки кој би требало да се зголеми од досегашните 20 на 22.

Воопшто не би требало да биде тешко да се најдат 22 патеки кои се подготвени да бидат домаќини. Следната година се очекува Финска да биде подготвена за својата прва трка.

Постојат гласини дека и Индонезија би можела да има своја патека до 2021 година. Мексико се уште сака да биде домаќин на трка од серијата а постојат гласини и дека Бразил е подготвен да има своја трка која би се возела во Рио де Жанеиро.

Зголемувањето на календарот ќе влијае врз тестирањето.Според моменталниот план, пред почетокот на сезоната наместо досегашните два тест,а Сепанг и Катар, ќе има само еден тест, во Сепанг.

Голем дел од тимовите со задоволство би го уникале и тој тест но фабриките се спротиставуваат на тоа.

Исто така, засега е непознато дали ќе ги има и двата теста во ноември а постојат најави и дека дел од тимовите сакаат да се укине тестот во Валенсија. После долгата сезона, возачите и тимовите се уморни. Инжинерите пак велат дека информациите кои ги добиваат од возачите по завршувањето на тестот во Валенсија не се толку добри како оние што ги добиваат по тестот во Херез, кој се одржува само 10 дена подоцна.

Финска или Брно?

Најверојатно трката во Брно ќе биде укината а постојат информации дека во 2019 ќе се одржи последната трка на оваа патека. Долго време има проблем со финансирањето а има информации и дека се доцни со плаќањето на обврските.

Ако патеката во Финска е подготвена до 2020 година, тогаш големи се шансите тие да станат дел од MotoGP календарот. Сосема друго прашање е кога ќе се вози трката со оглед на ладната клима.

Јули и Август би биле идеални за одржување на трката. Сепак,трката која се вози во Заксенринг привлекува голем дел од Скандинавската публика а особено фановите кои доаѓаат од Финска. Затоа, одржувањето на трката толку блиску до настанот во Германија би можел да биде проблем.

motogp txt 29 05

Avinta си заминува а на нивно место доаѓа сателисткиот тим на Gresini?

Промени може да има и кај тимовите. Во изминативе неколку години, послабите сателитски тимови беа истиснати надвор од MotoGP а на нивно место дојдоа финансиски помоќни екипи. Avintia Ducati е последниот од тимовите со мали буџети и постојат сериозни најави дека после 2022 година ќе го напуштат MotoGP.

Нивното место би можела да го заземе фабричкиот тим на Aprilia и во иднина тие нема да соработуваат со Gresini. Од друга страна, Gresini ќе може да стане сателистки тим а веќе постојат најави за соработка со тимот на Suzuki.

Одговорните луѓе на Suzuki долго време ја разгледуваат идејата за сателистки тим, но барем досега имаа проблеми со буџетот.

Нивната одлука да направат посебен тркачки оддел кој ќе може самостојно да носи одлуки базирани врз основа на посебен буџет, би требало да креира доволно простор и финансии за создавање на сателитска екипа.

А со оглед на компетитивноста на Suzuki GSX-RR, веруваме дека лесно би нашле тим со кој би можеле да соработуваат.

Вториот возач на Ducati

Во моментов, Андреа Довициозо е единствениот возач кој има договор со фабричкиот тим на Ducati за сезоната 2020. Поради тоа се појавија и гласини во однос на тоа кој би можел да го заземе второто место во тимот во сезоната 2020. Главни кандидати се актуелниот возач Данило Петручи и членот на Pramac Ducati, Џек Милер.

Двајцата возачи имаа одличен настап во Ле Ман, иако можеби Петручи беше малку подобар бидејќи заврши пред Милер. Но она што е уште поважно е тоа дека покажа одлична соработка. Тој имаше можност да го претекне Довициозо но одлучи да не ризикува за да не дојде до некаква несреќа во последниот круг и двајцата возачи да завршат надвор од патеката.

Петручи и Милер имаат уште најмалку две трки за да ги покажат своите квалитети, изјави неодамна Паоло Чиабати. После трките во Муџели и Барселона, две патеки кои одговараат на Ducati, менаџментот ќе започне да ги разгледува опциите.

motogp txt 1 29 05

Надвор од игра

Двајца возачи на кои нема да се смета се вториот возач на Pramac Ducati, Пеко Бањаиа и на големо изненадување Алваро Баутиста кој во моментов доминира во WorldSBK серијата. Бањаиа се уште е дебитант и досега не покажа доволен напредок за да може да дојде до второто место во фабричкиот тим.

Алваро Баутиста пак изгледа дека ќе продолжи во WorldSBK. Извори блиски до него велат дека можноста да ја освои титулата во Супербајк серијата како и можноста за напредок во следните неколку сезони се главните причини за одлуката да не премине во некој сателитски тим од MotoGP серијата. На 34 години, мали се шансите тој да биде нов возач на фабричкиот тим на Ducati.

Алекс Маркез во MotoGP?

Емилио Алзамора, менаџерот на браќата Маркез, продолжува со обидите да го доведе Алекс Маркез во MotoGP. Во Ле Ман тој изјави дека веќе се во тек преговори со Pramac Ducati.

Сепак, се уште е далеку од реализација на нешто такво. Алзамора потврди дека се работи само за прелиминарни разговори и дека се уште нема конечна одлука. Маркез имаше одличен настап во Ле Ман и стигна до првата победа по 2017 година.

Но помладиот од браќата Маркез ќе мора до крајот на сезоната да ја одржи својата форма и да се обиде да се бори за титулата. Доколку успее во тоа, тогаш значително му се зголемуваат шансите за премин во MotoGP.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

Стурџис, мал град во Јужна Дакота, САД, е место за кое најверојатно немате слушнато освен ако не го следите релито “Sturgis Motorcycle”.

Кои возачи можат да му се спротистават на Марк Маркез на трката која овој викенд се вози во Арагон.

Авантуристичките модели во моментов се едни од најпродаваните мотоцикли во светот. Но дали ги знаете најчестите грешки кои ги прават возачите на вакви мотоцикли? Еве како да ги избегнете.

КТМ одлучи веднаш да го замени Јохан Зарко.

Мото клубот Вардар слави 41 година од своето формирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.