„Штета е бидејќи во првиот дел бев многу брз и многу компетитивен, затоа мислам дека можев да се борам за победа“, Валентино Роси

Освојувачот на второто место на трката во Агрентина, Валентино Роси смета дека поради тоа што мораше да замине во боксот не успеа да ја постигне истата брзина и во вториот дел од трката.

Возачот на Yamaha се искачи за две места погоре во последниот круг откако возачите на Ducati, Андреа Ианоне и Андреа Довициозо излетаа на последниот свиок.

Сепак италијанецот смета дека можел да го предизвика Маркез доколку не морал да замине во боксот и да го замени својот мотоцикл. После проблемите што ги имаше Скот Ридинг на тренингот, сите возачи мораа да ги заменат мотоциклите.

PA1883378.0008

„Штета е бидејќи во првиот дел бев многу брз и многу компетитивен, затоа мислам дека можев да се борам за победа“, изјави Роси.

„Исто така штета е и поради тоа што во текот на целиот викенд немавме проблеми со пневматиците, а бидејќи друг мотоцикл имаше проблеми, ние моравме сè да промениме.“

„Но на крај сепак постигнавме добар резултат бидејќи дождот промени многу работи и во тие услови е тешко да се вози. Поради некоја причина, со вториот мотоцикли и со вториот пар на гуми имав проблеми да ја постигнам истата брзина. Исто така и условите беа многу лоши и не успеав да го фатам ритамот. Јанон ме претекна во петиот круг и додека ние се боревме, Довициозо не претекна и двајцата.“

„Во тој момент мислев дека подиумот е недостижен за мене бидејќи не можев ништо да направам. Токму поради тоа, овие 20 поени се важни, не само за мене туку и за мојот тим.“

После две трки Роси се наоѓа на второто место на табелата со осум поени заостанување зад Маркез.

Back To Top