Валентино Роси денеска беше отпуштен од болницата во Анкона каде му беше извршена успешна операција по падот од ендуро при што се здоби со скршеница на десната подколеница.

Валентино Роси денеска беше отпуштен од болницата во Анкона каде му беше извршена успешна операција по падот од ендуро при што се здоби со скршеница на десната подколеница.

Според изјавите на докторот кој го оперираше, но и според извори блиски до Роси,  негова цел е тој да се појави на трката за ГН на Јапонија која се вози на 15-ти октомври.

IMGP7588

Според Д-р. Рафаеле Паскарела за ваков тип на повреда периодот на заздравување е 30 до 40 дена, Роси пак веднаш по операцијата изјави дека се чувствува добро и ќе направи се што може за да се врати побрзо на патеката. Се очекува третманот да го продолжи во домашни услови но и во хипербарна комора која ќе му овозможи побрзо заздравување.

Следната трка се вози на патеката во Мизано на 10-ти септември, а две недели подоцна е трката во Шпанија на патеката Арагон. На овие две трки сигурно нема да го видиме Валентино Роси, но доколку се оди според планот за рехабилитација тој ќе биде подготвен за Мотеги.

Back To Top