Валентино Роси смета дека вторникот бил позитивен ден откако го постигна второто најбрзо време, но сепак призна дека очекувал повеќе од новиот мотор на Yamaha

Валентино Роси призна дека очекувал повеќе од новиот мотор на Yamaha, но сепак е задоволен од тоа како помина тестот во вторникот откако постигна второ најбрзо време на патеката во Валенсија.

Новиот мотор и шасија беа само дел од новите работи на мотоциклот на Роси. Сепак, падот кој го доживеа попладнето ја уништи рамката. Поради тоа, Италијанецот беше приморан остатокот од тестот да го помине на стариот мотоцикл.

PA2074200.0008

Но сепак,имаше причини да биде позитивен. Времето кое го постигна од 1м 30.950с беше само за 0.02 секунди побавно од најдоброто време тој ден. На ова може да се додаде и дека времето кое го постигна на трката во неделата беше за 0.329 секунди побавно отколку денешното.

„Ова е позитивен ден, бидејќи завршив како втор и постигнав солидно време. Но тоа го направив со стариот мотоцикл. Претходно, го пробавме новиот мотоцикл, кој да бидам искрен не е фантастичен. Очекував повеќе. Ова е само прва верзија но мораме да продолжиме со напорната работа.“

„Во однос на шасијата, првото чувство беше добро. Но потоа за жал паднав бидејќи нагло притиснав на сопирачката. За жал го оштетив новиот мотоцикл.“

Во однос на новиот мотор, Роси изјави: „Очекував повеќе. Нема голема разлика.“

Можеби една од причините за загриженост кај Роси е брзината која ја постигна неговиот нов тимски колега, Маверик Вињалес. 21 годишниот возач имаше одличен настап и го постигна најдоброто време на патеката.

Хорхе Лоренцо заврши на третото место, а тоа би можело да значи и дека не очекува уште една интересна сезона.

На прашањето дали беше очекуван резултатот на Лоренцо и Вињалес, Роси изјави:„За мене, неочекувано? Не. Вињалес заврши на првото место и тоа е одлично за деби настап. Но, очекував дека ќе биде брз од самиот почеток. Исто така и Лоренцо е добар како и Јанон. Мислам дека ова беше позитивен прв ден за нив.“

Back To Top