Распоредот за трката во Катар која ќе се оддржи следната година ќе претрпи радикални промени.

Како што веќе претходно објавивме, стартувајќи од следната сезона, квалификациите ќе се префрлат многу порано и поголем дел од акцијата ќе се оддржи преку ден додека пак главната трка ќе се оддржи навечер.

Ваквата промена е направена со цел да се решат проблемите кои се појавуваат за време на оддржувањето на трката. Минатата сезона, во периодот меѓу трката од Moto 2 серијата и премиерната класа започна да врне силен дожд. Патеката се исуши но трката мораше да стартува со задоцнување од 45 минути.

qatar gp motogp track circuit night

Периодот од годината кога се оддржува трката е исто така периодот кога има најголеми шанси за дожд. Според новиот распоред, тимовите во сите три класи своите тренинзи ќе ги оддржат во текот на попладнето. Вториот слободен тренинг и квалификациите за Moto3 ќе се оддржат доцна попладнето додека пак тимовите од Moto2 серијата вториот слободен тренинг ќе го оддржат на зајдисонце.

Заоѓањето на сонцето може да им претставува проблем на возачите со оглед дека влезовите во свиоците 6,9,10,14 и 16 се во правец на запад. Ова би можело да биде поголем проблем за време на оддржувањето на трката од Moto2 која е предвидена да почне во 17:20.

Но новиот распоред ќе им помогне на тимовите од MotoGP класата. Нивниот попладневен тренинг ќе се оддржи по заоѓањето на сонцето, а квалификациите и трката ќе се оддржат во 19:00 по локално време.

MotoGP тренингот ќе се оддржи веднаш по Moto2 трката, што значи дека возачите ќе имаат повеќе време да ја проучат патеката. Промената на распоредот исто така помага и во однос на планирањето. Исто така намален е бројот на денови од четири на три како и кај повеќето трки.

Промената исто така овозможува трката да се оддржи порано на календарот, а ова би требало и да помогне доколку дојде до проширување на календарот на 20 трки во 2019 година.

Ако заврне пред оддржување на трката, Dorna би можела или да оддржи тренинг сесија или пак да почека и да види дали за брзо време ќе се исуши патеката. Дождот во Катар често знае да биде силен но краток, а исто така и патеката брзо се суши.

Новиот распоред се уште не е официјално одобрен но за него се разговара уште од оддржувањето на трката во Катар на почеток на сезоната и начинот на кој временските услови влијаат на неа.

По долги разговори меѓу тимовите, Dorna и сопствениците на патеките, распоредот е донесен како најдобар компромис меѓу сите нив и речиси е сигурно дека ќе остане ист за трката која е закажана за 18-ти март 2018 година.

Предложениот распоред можете да го погледнете подолу:

Распоред за ГН на Катар за 2018
Петок 16-ти март
13:00-13:40 Moto3 Тренинг 1
13:55-14:40 Moto2 Тренинг 1
14:55-15:40 MotoGP Тренинг 1
17:10-17:50 Moto3 Тренинг 2
18:05-18:50 Moto2 Тренинг 2
19:05-19:50 MotoGP Тренинг 2
     
Сабота 17-ти март
13:00-13:40 Moto3 Тренинг 3
13:55-14:40 Moto2 Тренинг 3
14:55-15:40 MotoGP Тренинг 3
16:35-17:15 Moto3 Квалификации
17:30-18:15 Moto2 Квалификации
18:30-19:00 MotoGP Тренинг 4
19:10-19:25 MotoGP Квалификации 1
19:35-19:50 MotoGP Квалификации 2
     
Недела 18-ти март
13:40-14:00 Moto3 Загревање
14:10-14:30 Moto2 Загревање
14:40-15:00 MotoGP Загревање
16:00 Moto3 Трка (18 круга)
17:20 Moto2 Трка (20 круга)
19:00 MotoGP Трка (22 круга)
Back To Top