Викендов МотоГП шампионатот се сели во Јужна Америка за ГН на Бразил, трка што се враќа на календарот со големи очекувања и огромен интерес од локалната публика.
Autódromo Internacional de Goiânia – Ayrton Senna
Трката се вози на Autódromo Internacional de Goiânia, патека отворена во 1974 година и именувана во чест на легендарниот бразилски возач Аиртон Сена. Сместена во државата Гојас, оваа патека е позната по својата брза, ритмична конфигурација и техничките секции кои бараат прецизност, стабилност и одлична поставеност на мотоциклот.
Конфигурацијата е долга 3.835 километри и содржи 12 свиоци. Патеката комбинира брзи правци со свиоци кои се возат со средна до висока брзина, што овозможува динамични дуели и чести напади при кочење. Топлите бразилски услови дополнително ја зголемуваат физичката и техничката тежина на трката, правејќи ја вистински предизвик за возачите.
Autódromo Internacional de Goiânia има богата историја во мотоспортот и е познат по страстната публика која создава уникатна атмосфера на трибините. Оваа година, MotoGP™ повторно ќе ја почувствува енергијата на бразилските навивачи.
Распоред за следење на трките во Гоијанија:
Петок
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 13:00-13:45 | Moto3™ | Слободен тренинг бр.1 |
| 14:00-14:50 | Moto2™ | Слободен тренинг бр.1 |
| 15:05-16:05 | MotoGP™ | Слободен тренинг бр.1 |
| 17:15-18:00 | Moto3™ | Тренинг |
| 18:15-19:05 | Moto2™ | Тренинг |
| 19:20-20:35 | MotoGP™ | Тренинг |
Сабота
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 12:40-13:10 | Moto3™ | Слободен тренинг бр.2 |
| 13:25-13:55 | Moto2™ | Слободен тренинг бр.2 |
| 14:10-14:40 | MotoGP™ | Слободен тренинг бр.2 |
| 14:50-15:05 | MotoGP™ | Квалификации бр.1 |
| 15:15-15:30 | MotoGP™ | Квалификации бр.2 |
| 16:45-17:00 | Moto3™ | Квалификации бр.1 |
| 17:10-17:25 | Moto3™ | Квалификации бр.2 |
| 17:40-17:55 | Moto2™ | Квалификации бр.1 |
| 18:05-18:20 | Moto2™ | Квалификации бр.2 |
| 19:00 | MotoGP™ | Tissot Sprint (15 круга) |
Недела
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 14:40-14:50 | MotoGP™ | Warm Up |
| 16:00 | Moto3™ | Трка (24 круга) |
| 17:15 | Moto2™ | Трка (26 круга) |
| 19:00 | MotoGP™ | Гран При (31 круг) |


Коментари