Во првиот дел од прегледот на новата MotoGP сезона ги разгледуваме шансите на Apriia, тимот кој претрпе големи промени во текот на паузата.

Екипа: Aprilia Racing Team Gresini

Возачи: Алеш Еспаргаро, Андреа Ианоне

Тест Возач: Бредли Смит

Мотоцикл: Aprilia RS-GP

Најдобар возач во 2018: Алеш Еспаргаро, 17-та позиција

Најдобар резултат во 2018: Алеш Еспаргаро, 6-то место

Најдобри резултати за време на тестовите: 10-ти (Валенсија), 16-ти (Херез), 7-ми (Сепанг), 14-ти (Катар)

Во поголемиот дел од минатата година, тешко беше да се заборават зборовите на Алеш Еспаргаро. „Сега е време да ставиме се на маса“, изјави Каталонецот во септември 2017 година. „Aprilia никогаш не била толку блиску до Honda и Yamaha. Во секоја смисла мораме максимално да инвестираме“.

Доколку се погледне минатата сезона, се чини дека ништо од ова не се исполни. До половина на сезоната стана очигледно дека 18 RS-GP назадува во споредба со претходниот модел. Еспаргаро многу често беше нервозен бидејќи не беше во можност да го повтори шестото место кое го постигна претходната сезона. Веќе во ноември, последното место на табелата на конструкторите не беше нешто кое сакаа да го слушна првите луѓе на компнијата.

Aprilia Preview Txt 1 04 03 2019

Но не беше само тоа. Имаше едно чувство на повторување во однос на тоа каква беше среќата на Скот Рединг. Неговите зборови по трката во Австрија сигурно не му доликуваат на еден професионалец. Но сето тоа беше само излив на емоции кои јасно покажуваат дека нешто не функционира внатре во тимот. „Има толку многу работи внатре во тимот кои не функционираат како што треба“ , беше само една од речениците на Англичанецот.

Токму ова не натера да се замислиме: Според моменталната форма, што навистина Aprilia планира да постигне?

Зимската пауза ни донесе некои јасни сигнали во однос на размислувањата на тимот. Прво, се повлекоа од Светскиот Супербајк шампионат за да можат целосно да се фокусираат на MotoGP.  Со Бредли Смит тимот донесе добар тест возач кој ќе ја подели одговорноста. Со Андреа Ианоне, тимот за прв пат по 2015 во своите редови има победник на една трка од серијата.

Но уште поинтересно е назначувањето на Масимо Ривола за извршен дикректор на екипата. Личност со 21 годишно искуство во Формула 1, Италијанецот носи елитно искуство на позицијата  Техничкиот директор а Романо Албесиано сега ќе може да се фокусира на развојот на мотоциклот.

Aprilia Preview Txt 2 04 03 2019

Очекувањата од тимот сега се преиспитуваат. Инжинерите се обидуваат на RS-GP да му ги вратат карактеристиките кои ги имаше во 2017 година а со тоа да се врати и дел од оптимизмот. Луѓето вклучени во проектот сметаат дека Aprilia сега е подобро опремена да се справи со предизвиците во споредба со минатите години.

Како што покажаа сезоните 2016 и 2017, Албесиано има добар технички ум. Погледнете го само RS-GP кој и покрај тоа што пропушти два теста успеа да се најде меѓу најдобрите десет во сезоната 2016. Ова е успех кој многумина го занемаруваат. Сепак, организацијата на целиот тим не е негова посилна страна.

Но за кратко време и ова е решено. Сигурно има добра причина зошто Ривола најдолго се задржа на позицијата Спортски директор во Ferrari. Задолжен за развој на компанијата како и договарање на нови спонзори, веќе се чувствуваат промените кои тој ги направи во тимот.

„Она што досега го направи Романо, не би сакал да кажам дека се чудо, но тој се грижеше за премногу аспекти“, изјави Равола. Со оглед на тоа дека Албесиано во иднина ќе се фокусира исклучиво само на развоот на мотоциклот, тој ќе може да побара совет и од двете нови личности кои се дел од гаражата и кои имаат големо искуство. Назначувањето на Антонио Хименез (Еспаргаро) и Фабрицио Кечини (Ианоне) е добро прифатено од страна на двајцата возачи.

Назначувањето на Смит исто така игра голема улога. Доколу ги погледнете останатите шест фабрички тимови, од голема важност е да имате тест возач кој има искуство во Премиерната класа. Оваа екипа исто така има и големо искуство. Шефот на тимот на Ангичанецот е Пиетро Капрара, инжинер кој во минатото има работено со Еспаргаро и Андреа Довициозо. „Ја стопиравме Супербајк програмата бидејќи сакаме тие ресурси да ги искористиме на тест тимот“, изјави Ривола. „На еден начин, ова е независен тим.“

Aprilia Preview Txt 3 04 03 2019

Ентузијазмот кој го покажува Смит веќе се пресликива и кај Еспаргаро. „Тимот кој го имавме во Катар е три пати подобар од оној кој го имавме во изминатите две сезони“ , изјави Каталонецот. „Организацијата, пристапот, мотоциклот, сите работи се подобри и дефинитивно има голем напредок кај тест тимот. Многу пати до сега се сретнавме и со Аднреа им пренесовме на што сакаме да посветат внимание. Бредли е одличен и пробува многу нови работи.“

Тука е и начинот на работа на Ривола. „Во мотоциклизмот, вашиот прв ривал е вашиот тимски колега“, изјави Еспаргаро. „Но се чини дека во Формула 1 не е така. Тие работат заедно. Сега и ние имаме повеќе состаноци на кои го даваме нашето мислење.“ А новиот извршен директор на тимот смета дека има многу што да се научи од Формула 1, воглавно како побрзо да се процесираат податоците и сето тоа да се префрли на мотоциклот.

Зборувајќи со членовите на тимот, може да се забележи ентузијазмот кој владее. Но само времето ќе покаже дали ова ќе се префрли и на резултатите.

Да се види Еспаргаро како на последните четири трки од минатата сезона настапува со шасијата од 2017 година, беше признавање на проблемите на тимот. Но и не само тоа. На 2018 RS-GP очигледно му недостасуваа предностите кои ги имаше таа верзија. Пред се фантастината стабилноста која ја имаше предниот дел на мотоциклот како и можноста да се искористи целиот потенцијал на задниот пневматик.

2019 RS-GP многу наликува на модификуван мотоцикл од 2017 година. Откако го пропушти тестот во Херез, Еспаргаро имаше добар настап на патеката во Сепанг. „Откако дојдов тука, испробав две ралични седишта и рачки. Чувството засега е добро“, изјави Еспаргаро во Малезија. „Почнав да го допирам асфалтот со лактите а ова не ми успеа ниту еднаш минатата сезона. “

Но останува проблемот со забрзувањето: „Новиот мотоцикл е одличен во првиот дел од свиокот  но ногу губиме во вториот дел.  Мислам дека ни треба малку поголема моќност.  Но тука големо влијание има и електрониката. Исто така треба да ја подобриме и контролата на тракцијата. Се уште заостануваме во однос на нашите ривали,“ изјави Еспаргаро.

Албесиано даде позитивна оценка за новиот мотор: „Изгледа навистина добро“ , изјави тој во Катар. „Значително ги подобривме перформансите и стабилноста. Доколку ја погледнете најголемата брзина, таа е навистина добра.  Севкупно гледано, перформансите и забрзувањето изгледаат во ред.“

Aprilia Preview Txt 4 04 03 2019

Ианоне пристигна во Малезија со потечено лице. Веднаш се појавија гласини дека направил операција на вилицата. Инфекцијата која му се појави на устата го натераа 29 годишниот возач да го пропушти последниот ден од тестовите. Ова значеше и послаб напредок.

„Тој почна со одредени проблеми“, изјави Албесиано. „Тој малку доцни и се уште работи на комфорот додека е на мотоциклот. Но и покрај тоа, времето кое го постигнува не е лошо. Потенцијалот кој го покажува е навистина добар.“

Албесиано има право. Италијанецот не е премногу далеку а темпото кое го имаше на послендиот ден во Катар беше исто со она на неговиот тимски колега. Исто така беше многу побрз од сите мотоцикли на КТМ.

„Има напредок, особено со предниот дел“, изјави тој после првиот тест. „Сопирав многу посилно отколку на тестот во Сепанг. Мотоциклот добро ја намалува брзината а чувството на мотоциклот не е толку лошо. За мене ова е прв тест на кој настапувам во нормални услови.“

„Не сакам да ги споредувам мотоциклите, но Aprilia многу повеќе наликува на Ducati отколку на Suzuki. Ми одговара основата на мотоциклот. Нема само една негативна страна но треба да се подобриме во сите аспекти.“

Гледајќи однадвор, многу приземни се очекувањата на вработените во тимот. „Мислам дека доколку настапиме со два мотоцикли, во поголем дел од трките ќе бидеме меѓу најдобрите десет возачи. Мислам дека ова можеме да го постигнеме.“

„Ова можеби делува лесно, но доколку ги погледнете останатите тимови, воопшто не е така. Но не сме тука за да се плашиме од другите тимови. Тука сме бидејќи сакаме да се бориме.“

Back To Top