MotoGP

Пол Еспаргаро: Овие бои многу ми значат

Како што се приближува стартот на сезоната 2021, Пол Еспаргаро ги сподели неговите размислувања за преминот во еден од најпознатите тимови. Ова е исполнување на сонот, вели Еспаргаро.

Следете нè на:

 

Како што се приближува стартот на сезоната 2021, Пол Еспаргаро ги сподели неговите размислувања за преминот во еден од најпознатите тимови. Ова е исполнување на сонот, вели Еспаргаро.

Што значат за тебе боите на Repsol Honda?

„Носењето на овие бои е нешто посебно. Во минатото ги гледав најдобрите возачи како освојуваат титули носејќи ги боите на Honda. Тие ми значат многу. Тие исто така значат и дека сега се е во ваши раце. Секој возач сака да биде на ова место. Кога бев дел од 125cc, Moto2 па дури и MotoGP, овие тимови речиси секогаш беа на подиумот. Уште од самиот старт имав јасна престава каде сакам да бидам со цел да видам кои се моите можности. Најдобар начин да го направите тоа е да бидете во најдобриот тим. Мислам дека во најдобрите години од мојата кариера доаѓам во Repsol Honda. Кога се наоѓате во вистинското време, во вистинските години, тоа е исполнување на сонот. “

Што мислиш за RC213V?

„Многу пати го имам видено овој мотоцикл на слики и видеа и мислам дека е многу мал мотоцикл. Малите мотоцикли имаат тендеција да бидат малку побрзи , но јас сакам вакви машини. Имате големо влијание врз машината, вие и кажувате што сакате да направи. Понекогаш и морате да ја принудите машината да направи една или две работи кои не ги сака. Сакам кога покасно притискам на сопирачките. Мислам дека сите возачи кои биле дел од Honda, сакаат да возат малку поагресивно. Мотоциклот перфектно ми одговара поради мојот стил на возење.“

Espargaro Honda txt 1 19 01 2021

Кои се целите што си ги постави за сезоната 2021?

„Главната цел е да се искачувам на подиумот , да постигнувам победи па дури и да се борам за титулата. Мораме да ги подобриме резултатите од минатата сезона. Имав добра година но можам уште подобро.  Првата година нема да биде лесна но не дојдов тука за да се борам за пласман меѓу првите шест возачи.  Дојдов тука за да ја исполнам мојата главна цел а тоа е еден ден да бидам шампион. Ова може да се исполни тука во Repsol Honda.“

Каков може да биде твојот придонес за тимот?

„Напорна работа, пасија, љубов и секако резултати. Тимот не очекува да кажете дека сте задоволни ако завршите меѓу првите десет возачи. Тоа не го очекувам ниту јас. Ќе дадам се од себе за да се исполнат очекувањата на екипата и успесите кои ги постигнува во изминативе години.“

Што мислиш, каков ќе биде првиот тест?

„Веднаш можам да ви кажам дека јас ќе бидам нервозен. Мислам дека и нема да успеам да заспијам. Ова е дел од мојот живот кој отсекогаш сум си го замислувал. Но со нетрпение чекам да дојде тој момент и за прв пат да се качам на мотоциклот. Мислам дека на тоа ќе се сеќавам до крајот на животот.“

Espargaro Honda txt 2 19 01 2021

Какво е чуството да се дели гаражата со Марк Маркез?

„Марк е другата причина зошто сакав да дојдам во Repsol Honda. Долги години се борев со Марк во помалите категории и многу ми беше забавно. Поради тие битки станав возачот кој сум денес. Кога се натпреваруваш против еден од најдобрите возачи во историјата, сигурно дека ќе напредуваш. Затоа и дојдов тука. Сакам да се изедначам со Марк.“

Дали е ова исполнување на сонот?

„Кога долго време сонуваш за боите на овој тим и нивниот мотоцикл, и кога сето тоа ќе се исполни, чуството е неверојатно. Јас го живеам својот сон. “

Би можело да ве интересира

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, зборува за можните ривали во сезоната 2021 и колку време ќе му треба за да биде повторно 100% подготвен.

Мотоциклистичката федерација на Македонија во сабота (06.03.2021) ќе ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2020 година.

Honda, KTM, Piaggio и Yamaha потпишаа договор за креирање на „swappable batteries consortium“.

На интернет се појавија фотографии кои покажуваат дека Kawasaki тестира нов H2 SX SE+ кој ќе биде опремен со најнова технологија.

Преставени мотоциклите со кои во сезоната 2021 ќе возат Валентино Роси и Франко Морбидели.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.