Откако се појави скица од новиот дизајн, јасно можеме да видиме како би изгледал новиот мотоцикл.

Јапонскиот магазин „Young Machine“ само што ни го претстави долго најавуваниот Harley – Davidson. Иако оваа слика е креација на нашите Јапонски пријатели, таа се базира неколку фотографии од оваа машина која се појавија на интернет.

Веќе подолг период кружи информацијата дека Harley-Davidson работи на сопствен спортски мотоцикл.

Веста за прв пат се појави откако Harley-Davidson вклучи неколку промотивни слики при објавата на новиот модел. Но во позадината на фотографиите можеше да се види еден навистина интересен дизајн.

Кратко потоа се појавија и скици кој покажаа дека компанијата од Милвоки патентирала „sportsbike/cafe racer“ додатоци кои изгледаа речиси идентично со оние кои ги претстави компанијата во дизајнерското студио.

Harley NewDesign txt 21 02

Дали ќе се врати Harley-Davidson VR1000?

Големи се шансите познатата компанија да претстави спортски мотоцикл а доколку тој изгледа како она што можеме да го видиме на сликите, тогаш сигурно ќе стане eден од најдобрите спортски мотоцикли кои во моментов ги има на пазарот.

Иако од фирмата засега нема официјална информација за машината со однос на спецификациите и неговата цена, веруваме дека како основа ја користи најновата „naked“ машина на компанијата наречена „Bareknuckle“.

Back To Top