Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Ако останува едно прашање нејасно во однос на подготвеноста на Маверик Вињалес да се бори за титулата, тоа прашање сигурно е дали може да го оддржи темпото во текот на целата трка.

Сепак, перформансите кои ги имаше 22 годишниот возач при крајот на последниот ден од тестовите во Австралија му потврдија на шефот на Movistar Yamaha, Масимо Марагали, дека Вињалес има конзистентност во возењето.

vinjales kondicija

Шпанецот повторно возеше во одлична форма во текот на сите три дена и на крајот на секој тест се наоѓаше на врвот на табелата, исто како што беше и на тестот во Сепанг кој се оддржи пред две недели.

Со неговиот настап покажа дека може да се носи со возачот на Repsol Honda, Марк Маркез.

„Прво,Маверик беше навистина брз,“ изјави Марагали. „За нас беше од голема важност да видиме како ќе помине на тркачката симулација. Минатата сезона имавме проблем со задниот пневматик но овој пат немавме таков проблем.“

„Имаше две симулации на кои покажа одлично темпо. Извозе 20 кругови. Падот во темпото беше речиси незабележително.“

„Во текот на второто тестирање тој беше заморен. Можеше да го задржи темпото но ми кажа дека при крајот, некаде околу 17-от круг почнал да чувствува замор. Во секој случај, ова е одлична информација.“

Во текот на втората тркачка симулација, времето на Вињалес се движеше околу 1 миинута и 29 секунди. Маркез имаше подобро време, 1 минута 29.125 секунди но тој извозе само 14 круга. Возачот на LCR Honda, Кал Кратчлоу беше единствениот друг возач кој имаше време побавно од 1 минута и 30 секунди.

За разлика од Вињалес, неговиот тимски колега Валентино Роси, кој го прослави својот 38-ми роденден, не беше многу задоволен бидејќи на крајот го имаше само единаесетото најдобро време. Сепак Марагали потврди дека од деветкратниот шампион побарал да тестира различни сетапи.

„Од Валентино побарав да тестира различни сетапи. Ги тестиравме пневматиците. Неколку работеа добро, но не сите.“

„На крајот тој беше преморен. Ми кажа дека не сака да има симулација.“

Вињалес ќе се обиде да постигне одлични резултати и на последниот тест кој ќе се оддржи во Катар од 10-ти до 12-ти Март.

Back To Top