Пред нас е третата трка од возбудливата МотоГП сезона која ќе се вози на патеката Термос де Рио Хондо во Аргентина.

93 marquez 0.big

Пред нас е третата трка од возбудливата МотоГП сезона која ќе се вози на патеката Термос де Рио Хондо во Аргентина.

Трката за ГН на Аргентина доаѓа само една недела по возбудувањата на „Circuit of the Americas“ во Тексас, трка во која доминираше Марк Маркез пред Андреа Довициозо и Валентино Роси. Јужно Американската трка се вози втора година по ред, вкупно 12-ти пат, на патека која е со должина 4.8км, има 14 свиоци (5 леви, 9 десни), ширина од 16 метри и правец со должина од 1076м.

Маркез со нетрпение ја очекува трката во Аргентина, минатата недела тој покажа дека првата трка од сезоната беше само грешка која се надева дека нема да се повтори, а конкуренцијата има за што да стравува. Дукати по добивањето на финансиската инекција од Ауди се чини дека е на правиот пат да се врати во врвот на мото елитата, а Андреа Довициозо е човекот кој знае да го искористи потенцијалот од моторот. Секако тука е и Јамаха која го има водечкиот во шампионатот Валентино Роси, како и Хорхе Лоренцо кој иако навидум „касно пали“, има време да се врати во игра за шампионската титула.

Од останатите возачи не смеат да се заборават ни Андреа Ианон кој како возач на Дукати ги ужива истите привилегии како и Довициозо, а на минатите две трки бевме сведоци и на фантастичното возење на Бредли Смит, Кал Крачлоу и Алеш Еспергаро. Се на се, не очекува нов возбудлив мото викенд, кој ќе биде надополнет и со првата трка од ИЕШ во брзински мотоциклизам на кој ќе настапат 5 наши возачи.

Во генералниот пласман по две извозени трки ситуацијата е следна:

Поз.ВозачМоторЗемјаПоени
1 Valentino ROSSI Yamaha ITA 41
2 Andrea DOVIZIOSO Ducati ITA 40
3 Marc MARQUEZ Honda SPA 36
4 Andrea IANNONE Ducati ITA 27
5 Jorge LORENZO Yamaha SPA 26
6 Bradley SMITH Yamaha GBR 18
7 Cal CRUTCHLOW Honda GBR 18
8 Aleix ESPARGARO Suzuki SPA 13
9 Dani PEDROSA Honda SPA 10
10 Danilo PETRUCCI Ducati ITA 10
11 Maverick VIÑALES Suzuki SPA 9
12 Pol ESPARGARO Yamaha SPA 7
13 Yonny HERNANDEZ Ducati COL 6
14 Hiroshi AOYAMA Honda JPN 5
15 Hector BARBERA Ducati SPA 5
16 Nicky HAYDEN Honda USA 3
17 Scott REDDING Honda GBR 3
18 Jack MILLER Honda AUS 2
19 Alvaro BAUTISTA Aprilia SPA 1

Пренос од сите возбудувања ќе има на СпортКлуб 3 каналот според следниот распоред:

Петок - СпортКлуб 3
14:55 МотоГП Тренинг 1
19:05 МотоГП Тренинг 2

Сабота - СпортКлуб 3
14:55 МотоГП Тренинг 3
18:30 МотоГП Тренинг 4
19:10 МотоГП Квалификации Q1
19:35 МотоГП Квалификации Q2

Недела - СпортКлуб 3
18:00 Мото3 Трка
19:20 Мото2 Трка
21:00 МотоГП Трка

За оние кои го немаат СпортКлуб во својата ТВ понуда, стриминг од трките ќе има на: http://ifirstrow.eu/sport/motosport.html

Back To Top