Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Големата жештина беше еден од одлучувачките фактори на Гран При трката која на 11-ти јуни се оддржа на патеката Монтмело во близина на Барселона. Помеѓу осумте возачи од четирите структури кои имаа техничка поддрша од страна на Motul, Јонас Фолгер имаше навистина впечатлив настап.

IMGP7855

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

„Интересна е ситуацијата во шампионатот. Јохан има само 8 поени помалку од Валентино Роси. Што се однесува до Јонас, тој е единствениот возач кој освоил поени на секоја трка. Мислам дека се уште не го кажал последниот збор,“ изјави презадоволниот тимски менаџер.

Најразочаран на оваа гран при трка беше Алеш Еспаграро кој за жал мораше предвреме да ја заврши трката која се наоѓа на само неколку километри од местото каде што е роден. И двајцата возачи на Avinta Racing успеаа да освојат поени. Хектор Барбера го освои солидното девето место, а ова за него беше и јубилејна 250-та трка во шампионатот.

Back To Top