Сопственикот на MotoGP серијата, Dorna, претстави игра која им овозможува на играчите да менувате возачи меѓусебно со цел да креираат сопствена виртуелна Гран При гаража. Може да го замислите ова како на нешто слично на Панини сликичките но за на интернет.

Со помош на блокчејн технологијата која се грижи секоја крипто икона да биде автентична и уникатна, Cryptobilia е првиот официјален лиценциран производ од овој вид.

На пазар во кој се вртат околу 370 милијарди долари, новата игра ќе им овозможи на играчите  да купат сет од четири случајно избрани возачи. Во секој сет би можело да се најдат возачи кои се дел од MotoGP, Moto2 и Moto3 сериите. Наскоро се очекува на пазарот да се најдат карти и со некои од легендарните возачи како и дел од најпознатите патеки.

motogp collectables

Она што е уште поинетересно е тоа дека после секоја трка ќе се менуваат податоците за секој возач посебно во зависност од неговите перформанси. Од резултатите кои ги постигнува возачот ќе зависи и неговиот статус, а по завршувањето на сезоната, перформансите ќе бидат замрзнати и нема да може да се менуваат.

Извршниот директор на електронската игра, Егидио Месито, вели: Името претставува комбинација на крипто валути и колекционерство и одлично го опишува нашиот производ. Најважно нешто е дека таа е достапна сите кои сакаат да ја играат.

Ова им нуди на нашите фанови еден сосема нов концепт, вели Пол Сераканта, директор во Dorna. „Многу сме возбудени што сме првиот спорт кој се соединува со оваа нова технологија. Ова им нуди на нашите фанови еден сосема нов концепт.“

Со цел да им се помогне на колекционерите да се ослободат од непотребните дупликати, Cryptobilia ќе овозможи виртуален пазар каде што играчите ќе можат да ги менуваат но и да ги продаваат своите дупликати.

Доколку сакате и вие да бидете дел од оваа игра, посетете ја страната www.cryptobilia.com

Back To Top